Врз основа на Oдлука на одборот на директори на АД “ОХРИДТУРИСТ” – ОХРИД, донесена на седница одржана на ден 24.09.2019 година, се распишува оглас за следното работно место:
МЕНАЏЕР ЗА ПРАВНИ ПРАШАЊА
Профил на кандидатот:
- Образование – ВСС - Правен факултет, со завршен правосуден испит
- Претходно искуство во областа најмалку 5 години
- Одлично познавање на Microsoft Office (Excell, Word, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
Клучни одговорности:
- Изготвување на одлуки од Генерален Директор, изјави до банки, полномошна, известувања и барања до надлежни институтции
- Следење на рокови за доставување на извештаи до надлежни институции
- Следење на законска регулатива и известување на соодветните сектори на кои се однесуваат конкретните регулативи
- Застапување на Суд
- Вадење на потврди, информации, имотни листови, решенија од надлежни органи и институции
- Доставување на потребна документација до надлежните инспекциски органи, ревизорски куќи, банки
- Составување на договори, анекси на договори и спогодби
- Изработува одлуки, решенија и акти за остварување на права, обврски и одговорности на вработените
- Архивски работење со водење и средување на документација
Времетраењето на огласот до 25.10.2019, во тој период кандидатите своето резиме (CV) можат да го пратат на [најави се за да го видиш е-маилот] или на адреса ул. ”Партизанска” бр. 8, Охрид.