Електричар

За компанијата: Витек е италијанска компанија специјализирана за производство на висококвалитетни хидраулични цевки и приклучоци. Основана е во 1991 година во Италија и има богато искуство во областа на хидрауликата.... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

ВИТЕК Доо

Друштво за производство на хидраулична опрема и услуги со седиште во Скопје, поради нова инвестиција, има потреба од вработување на:

ЕЛЕКТРИЧАР

Одговорности и задачи:

  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на електрични компоненти и делови;
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на електричната исправност и поставеност;
  • Изведува електрични инсталации;
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа;
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование;
  • Со претходно искуство како електричар и работа со висока струја;
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во производствена компанија.

Личен профил:

  • Способност за работа на висина;
  • Почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа.

Ние нудиме:

  • Храна и превоз обезбедени од страна на работодавачот;
  • Регрес за годишен одмор и колективно осигурување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »