Фармацевтски техничар

Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.

„Деница“ е организирана со:
1. Три целосно опремени офталмолошки ординации;
2. Кабинет за припрема на пациенти за преглед;
3. Кабинет за функционална дијагностика;
4. Кабинет за ултразвук и ласер терапија;
5. Кабинет за OCT (Окуларна кохерентна томографија);
6. Кабинет за флуоресцеинска ангиографија и флуоресцеинска автофлуересценција;
7. Посебен оперативен блок комплетно опременa оперативнa салa, како и
8. Дневна болница.

„Деница“ располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.

Оглас за работна позицијаФармацевтски техничар

ПЗУ Специјална очна болница Деница има потреба од вработување на Фармацевтски техничар, кој ќе работи со Фармацевт во болничката аптека. Фармацевтскиот техничар ќе има задача да води евиденција за лековите во аптеката, реверс од аптека во ординации и хируршка сала, следење на роковите и набавка на лековите.

Кандидатите мора да имаат положено стручен испит.

Канидатот може, но и не мора да има искуство во областа.

ПЗУ Специјална очна болница Деница нуди одлична работна средина, и конкурентна месечна плата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »