Офицер за усогласеност и правни работи

За компанијата: Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година,... повеќе за компанијата »

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила.

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Поради проширување на својот тим имаме потреба од

Офицер за усогласеност и правни работи

 

Работни задачи и одговорности:

  • Анализа, изработка и ревидирање на сите видови правни акти за потребите на Компанијата

  • Поддршка на останатите оддели во Компанијата во делот на компетенциите за правна помош

  • Подготовка и конзистентност за правна усогласеност на договорите кои компанијата ги склучува

  • Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни пред надлежните институции

  • Учество во спроведувањето на Усогласеноста во компанијата.

  • Проверка на бизнис партнери,

    Преглед на судски предмети,

  • Изработка на акти и превземање на потребни активности во врска со заштита на податоци,

  • Извршува и други работни задачи од областа на правото и правните работи.

     

    Образование, искуство, вештини

  • ВСС Правен факултет;
  • Работно искуство од минимум 5 години ќе се смета за значајна предност;
  • Напредни познавања на Microsoft Office апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори).

 

Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја 

достават на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за " Офицер за усогласеност и правни работи

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »