Трговски Претставник

ManpowerGroup е глобален лидер и иноватор во областа на човечките ресурси. Обезбедуваме иновативни кадровски решенија и услуги кои им овозможуваат на нашите клиенти да бидат најдобри во постојано променливиот пазар на трудот. Ние се грижиме за луѓето и улогата што една работа ја игра во нивните животи. Ние ги почитуваме луѓето како поединци, веруваме, ги поддржуваме и им овозможуваме да ги постигнат своите цели како во бизнисот така и во животот.
Во моментов, бараме кандидат кој ќе стане дел од професионалниот тим на нашиот партнер, лидер во производството на бои и лакови.

Во потрага сме по кандидат за позицијата:

Трговски Претставник        

Локација: Скопје


 

Опис на работни обврски:

 

• Воспоставување, одржување и развивање на соработка со постоечки и нови клиенти

• Контактирање, закажување и одржување состаноци и договарање продажба

• Предлагање и спроведување на мерки за подобрување на продажбата

• Изведување на технички презентации на производи

• Следење и реализација на продажба, фактурирање и испорака на роба

• Анализа, посета и развој на пазарот и исполнување на поставените цели

• Редовно известување за спроведените активности и постигнати резултати

• Учество во набавка

 

Профил на кандидатот:

 

• Минимум IV степен на образование

• Задолжително работно искуство од најмалку 2 години во продажба на бои, лакови, алати или други видови градежни материјали

• Познавање на англиски јазик- средно ниво

• Средно ниво на познавање на компјутерска работа (MS Office пакетите)

• Возачка дозвола B категорија (активен возач)

• Подготвеност за работа на теренот

 

Сите заинтересирани кандидати можат да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

Сите кандидати ќе бидат известени, а кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју.

ManpowerGroup обезбедува еднакви можности за сите и ги зема предвид сите кандидати без оглед на пол, брачен статус, националност, возраст, потекло, религија, раса, боја на кожа, сексуална ориентација, физички или ментални недостатоци.

 


 

                                                                                                                                  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »