Лице за обезбедување

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

Лице за обезбедување

Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Лиценца за обезбедување Издадена од страна на Комора за приватно обезбедување на РСМ или да е во тек постапка за стекнување на истата,
  • Завршено средно образование,
  • Најмалку една година искуство на иста или слична позиција,
  • Флексибилност и способност за брза реакција,
  • Способност за работа во тим,
  • Комуникативна и одговорна личност која поседува самоиницијативност и професионален однос кон клиентите,
  • Основно Познавање на англиски јазик работа со компјутери.

Работното време е организирано во смени.

Работодавачот  нуди редовни компетитивни месечни примања, можност за професионално усовршување и одлични услови за работа.

Само кандидатите кои ги исполнуваат минималните критериуми за оваа позиција, ќе бидат повикани на интервју.

Заинтересираните кандидати да ја испратат својата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] . За сите дополнителни прашања, може да се обратите на тел. број 078/605-878.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »