Бараме информатички техничар за сервис/техничка поддршка/продажба

24.000 MKD

цената НЕ е фиксна

Карактеристики


Објавено воРабота и бизнис - Услуги
Цена24.000 MKD
ЛокацијаСкопје - Кисела Вода
Тип Друго

Опис на огласот


НИТРО КОМПЈУТЕРИ ВРАБОТУВА

Бараме информатички техничар за сервис/техничка поддршка/продажба.
За јуниор кандидатите без искуство нудиме модел на градење на кариера - постојано учење, надоградување на кандидатот и негов развој како ИТ кадар.
Почетна плата за јуниор: 14000 МКД
За искусните нудиме солидна плата и можности за понатамошен развој.
Почетна плата за медиум искусен ИТ специјалист: 24000 МКД

Работни задачи на работното место:
Kомпјутерски технички сервис - дијагностика на проблеми и поправка на компјутери/лаптопи
Инсталација и одржување на програмите на Нитро Компјутери и други произведувачи
Инсталација и одржување на компјутерски локални и телекомуникациски мрежи, сервери и работни станици
Инсталација и одржување на системи за видео надзор, аналогни видео и IP камери
Инсталација и одржување на дигитални телефонски централи и телефони
Полнење на тонери за ласерски печатачи и кертриџи за инк-џет и фото печатачи
Продажба на компјутери, лаптопи, печатачи, мултифункциски уреди, бела техника, апарати за домаќинство, мрежна опрема и друга модерна техника.

Потребни лични карактеристики на кандидатот:
 - исполнителен
 - посветен
 - лојален
 - можност да работи во тим или самостојно
 - заинтересиран за учење и лично надоградување

Погодности на работното место:
 - фер и транспарентен однос од сопствениците
 - вработување на неопределено време
 - здрава комуникација и работна атмосфера
 - приватно здравствено осигурување после 4-тиот месец на работа
 - модерни канцеларии блиску до центарот на Скопје
 - флексибилно работно време, за перфектен баланс на работата со Вашиот приватен живот
 - кујна со електричен бокал, ѓезве за кафе и професионален апарат за еспресо, макиато, капучино
 - обезбедно кафе, CD-вита и сокови
 - Nitro Fruit of the Loom T-shirt маица и Nitro Atlantis капче
 - lounge room за социјализација и релаксација
 
Го очекуваме вашето CV на [email protected]
Повеќе информации на Web страницата: nitro.mk

барај огласи за вработување » барај останати огласи »