Бараме работник

Карактеристики


Објавено воДруго - Останати огласи
ЛокацијаСкопје - Кисела Вода

Опис на огласот


ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Моден салон Борче објавува оглас за шивач, во салон за шиење на машка  тешка конфекција.Салонот се наоѓа во Скопје,во општина Кисела Вода,на викано место Стара рампа.Салонот опстојува на пазарот и успешно работи од 1973 година до денес.Нашиот тим нуди високо ниво на услуга и изработка на модели по мерка со грижливо одбрани материјали.За својата работа нашиот тим има добиено бројни признанија од земјата и странство кои што можете да ги погледнете кога ќе бидете повикани на интервју во нашите простории.Во салонот ни е потребна дополнителна работна сила поради зголемениот обем на работа ..Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да ни се придружат во тимот каде што владее хармонија,тимски дух,сплотеност,можност за усовршување и учење од најдобриот  мајстор на својот занает во градот.

Кандидатите треба да  ги исполнуваат следните услови

  • Квалификација(степен на образование)

 

- Средно образование

- Минимум две години работно искуство во текстилната индустрија

 

  • Посакувани карактерни особини на кандидатите

 

  • Кандидатот да биде точен,прецизен,проактивен и дисциплиниран
  • Одговорен во управување со опремата во салонот
  • Да е тимски работник,комуникативен,доверлив и љубопитен

 

  • Основни задолженија и одговорности

 

  • Правилно  ракување со машина за шиење
  • Прецизно шиење на веќе скроени парчиња на пантолони,палта,здолништа,сакоа,капути
  • Правилно складирање на сошиените производи
  • Собирање на остатоци од вишокот на материјал и нивно отстранување од салонот пред истекот на работното време

 

  • Салонот нуди

 

  • Избраните кандидати ќе имаат пробна работа и обука во времетраење од еден месец
  • Склучување на договор на определено време во времетраење од една година,а по истекот на времето предвидено за пробна работа

и можност за продолжување на договорот на неопределено работно време по истекување на првата година од работењето

  • Можност за учење на нови техники и вештини за изработка на                                             парчиња гардероба по најнов тренд
  • Работно време од од понеделник до петок 08.00 - 17.00 часот

и сабота од 08.00 – 15.00 часот

барај огласи за вработување » барај останати огласи »