СЕ ПРОДАВА КОЛИЧКА 3 ВО 1 KUNERT ROTAX

6.000 MKD

5.000 MKD

цената НЕ е фиксна

Карактеристики


Објавено воДом и семејство - За деца
Цена5.000 MKD 6.000 MKD
ЛокацијаСкопје - Центар
Тип Мебел/опрема

Опис на огласот


Количката е користена, максимално сочувана.

ДЕЛОВИ: Алуминиумски рам со амортизери и тркала со полна гума, корпа за бебе, спортско седиште, транспортер.

Вклучени прекривки за сите делови посебно, торба за мајката, држач за чаша кој лесно се поставува на рамот од количката, покривка за дожд и мрежа против инсекти.

Елегантен дизајн и материјали направени од квалитетна ткаенина со UV заштита.

Исклучително подвижна и лесна, идеална за возење во градски услови. Предните тркала ротираат 360 степени, системот за кочење е централизиран, амортизација на тркалата со подесување на тврдината. Опција за лесно вадење на сите 4 тркала со помош на копче.

Рачката за туркање се подесува во 4 позиции, подесување на држачот за нозе, сигурносен појас со 5 точки.

Сите делови од сетот 3 во 1 може да се монтираат посебно на рамот во двата правци на движење на количката.

СПОРТСКО СЕДИШТЕ:  Спортското седиште се користи од 6 месеци до 3,5 години. Има фиксна исправена положба од 90 степени или целосно легната положба. 

КОРПА ЗА БЕБЕ - носилка: Лесна колевка обложена со памук во внатрешноста. Пространа со систем за брзо расклопување, рачка за носење на врвот, прозорче на навлаката и мрежа против инсекти. Тежината на корпата е 4 kg. Може да се користи од 6 до 8 месеци, во зависност од растот на детето. Широка, комфорна, удобна, и за долги прошетки и за домашна употреба. Може да се користи до 13 kg.

ТРАНСПОРТЕР: Одобрен по ECE R44/04 стандард за група 0 + (0-10 kg), со меко, заштитно полнење по страните. Сигурносен појас, тенда, зимска прекривка. Едноставно ракување благодарение на практичниот механизам на сигурносниот појас. Рачката за носење се подесува во повеќе позиции.

 

За сите останати детали можете да прочитате на: 

https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kunert-2/kunert-rotax-3-in1-2

барај огласи за вработување » барај останати огласи »