Промовирани огласи »

Поголема транспарентност на платите – Сојузната агенција за вработување сака да го обезбеди тоа со својот атлас за плати. Атласот за плата ја содржи просечната плата (средна) од сите занимања.

Скалата ја покажува просечната месечна бруто заработувачка за 100 популарни занимања во Германија.

100 популарни професии:

Занимање/ Просечна плата – бруто износ, Медицинска сестра 3.174 евра, Фармацевт 4.546 евра, Архитект 4.122 евра, Лекар 6.337 евра, Медицински асистент 2.496 евра,Оптичар 2.407 евра, Пекар 2.319 евра, Продавач во пекара 1.840 евра, Багерист 3.437 евра, Банкарски службеник 4.990 евра, Градежен инженер 4.999 евра, Професионален возач 2.567 евра, Бизнис економист (текстил) 3.916 евра, Биолог 5.240 евра, Сметководител 3.695 евра, Канцелариски работник 3.338 евра, Возач на автобус 2.925 евра, Агент во кол-центар 2.161 евра, Хемиско-технички асистент 3.943 евра, Контролор 5.714 евра, Уредник 4.094 евра, Мајстор за покриви 3.140 евра, Сценски / филм / телевизиски диспечер 4.852 евра, Набавувач во продажба 4.734 евра, Референт за малопродажба 2.445 евра, Електричар 3.176 евра, Електромеханичар 3.465 евра, Електронски техничар за уреди и системи 3.465 евра, Рецепционер 1.716 евра, Воспитувач 3.903 евра

Целиот текст е на emigriko.mk

Промовирани огласи »

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Промовирани огласи »

ЈСП ги потсетува граѓаните дека одредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата.

Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.

Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.

И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.

На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.

Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.

Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Промовирани огласи »

Државата ќе спречи големо поскапување на струјата. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија.  Кажа дека постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.

Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неизбежно. Од Левица реагираа дека новото поскапување на струјата во јули ќе ја колабира државата. Пред неколку месеци струјата поскапе за 9.48 отсто. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »