Промовирани огласи »

Доколку идните сопственици решат интензивно да ја користат оваа опција, треба да бидат подготвени за чести менувања на гумите.
Во подготовка е Mercedes EQG, кој ќе биде електричната верзија на легендарната Г-класа. Очекувањата се големи, а на интернет пристигна и првото видео од ова возило направено при тестирање, на кое возилото се ротира на своето место за 360 степени, како тенк.
Иако квалитетот на видеото е низок, оваа функција може јасно да се види. Се претпоставува дека EQG има четири електрични мотори, по еден во секое тркало, кои му овозможуваат да маневрира на овој начин.

Ова не е првиот автомобил со оваа опција, бидејќи го понуди и Rivian, но американскиот производител се откажа од него, па нема да биде вклучен во сериските модели.

Фото: Промо/Mercedes

Промовирани огласи »

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, вели дека државата со извесната позајмица од 900 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд ќе има пари за зголемување на платата од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор. Од заемот од 900 милиони, според пресметките на лидерот на ССМ, треба да се издвои дополнителни 30 милиони евра за работниците.

Синдикалниот лидер во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека не видел во ребалансот на буџетот дополнителни средства за зголемувањето на сите плати на работниците, иако било договорено по шест месеци, односно од 1 септември, тие да се зголемат линеарно и солидарно согласно Загонот за минималната плата. 

Со позајмицата од 900 милиони евра треба да има пари за работникот, без разлика дали е од јавниот или приватниот сектор. До петок ако не не повикаат, дали вицепремиерот Битиќи, дали министерката Тренчевска или премиерот, од другата недела ние ќе си ги закажеме органите и телата., бидејќи во ребалансот нема пари за тоа. Тие ни ветија дека од 1 јули ова ќе се примени, вели Димовски.

Претседателството и Советот, ќе дадат упатство до гранските синдикати, како во полицијата и здравството, тие да се подготват за генерален штрајк во јавниот сектор, доколку до утре Владата не одговори на повикот на ССМ.

До септември каде ќе најдат пари, ако немаат сега со ребалансот? Знаеме дека порасна минималната плата, но ние во знак на солидарност, побаравме покачување во износ од 2.806 денари од хигиеничар до претседателот на државата. Инфлацијата секој ден ги обезвреднува платите. Ако државата има пари за сите да ги субвенционира и да ги помага, треба да има и за работниците. Законот е многу јасен, во септември треба да се усогласи платата. Не може некој да ме убеди дека тоа се многу пари и дека државата не може да ги обезбеди, додаде Димовски.

Тој потсети дека јавниот сектор очекува годишен регрес за сите и со исплатата на К-15 да не се делат работниците на „државни и приватни“.

Промовирани огласи »

Поголема транспарентност на платите – Сојузната агенција за вработување сака да го обезбеди тоа со својот атлас за плати. Атласот за плата ја содржи просечната плата (средна) од сите занимања.

Скалата ја покажува просечната месечна бруто заработувачка за 100 популарни занимања во Германија.

100 популарни професии:

Занимање/ Просечна плата – бруто износ, Медицинска сестра 3.174 евра, Фармацевт 4.546 евра, Архитект 4.122 евра, Лекар 6.337 евра, Медицински асистент 2.496 евра,Оптичар 2.407 евра, Пекар 2.319 евра, Продавач во пекара 1.840 евра, Багерист 3.437 евра, Банкарски службеник 4.990 евра, Градежен инженер 4.999 евра, Професионален возач 2.567 евра, Бизнис економист (текстил) 3.916 евра, Биолог 5.240 евра, Сметководител 3.695 евра, Канцелариски работник 3.338 евра, Возач на автобус 2.925 евра, Агент во кол-центар 2.161 евра, Хемиско-технички асистент 3.943 евра, Контролор 5.714 евра, Уредник 4.094 евра, Мајстор за покриви 3.140 евра, Сценски / филм / телевизиски диспечер 4.852 евра, Набавувач во продажба 4.734 евра, Референт за малопродажба 2.445 евра, Електричар 3.176 евра, Електромеханичар 3.465 евра, Електронски техничар за уреди и системи 3.465 евра, Рецепционер 1.716 евра, Воспитувач 3.903 евра

Целиот текст е на emigriko.mk

Промовирани огласи »

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »