Промовирани огласи »

Европскиот парламент и европските влади се согласија во понеделникот вечерта за правилата за ковид потврди ќе останат во сила во следните 12 месеци бидејќи пандемијата на коронавирус сè уште трае.

Претставниците на Европскиот парламент и владите на ЕУ се согласија да ја продолжат регулативата до 30 јуни 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека регулативата може да биде отповикана пред тој рок, доколку здравствената состојба дозволи.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија.

Со помош на QR-код, сертификатот може да се користи за да се докаже дали некое лице е вакцинирано против коронавирус, дали е негативно тестирано за коронавирус или дали се опоравило од ковид-19.

Дигиталната верзија може да се зачува на мобилен уред.

Во февруари, Европската комисија предложи продолжување на регулативата за сертификатите на ковид.

Вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и во оваа фаза не е можно да се утврди влијанието на можното ширење на инфекцијата во втората половина на 2022 година или појавата на нови варијанти, соопшти Комисијата.

Проширувањето на регулативата им овозможува на патниците да продолжат да го користат својот сертификат за коронавирус доколку земјите-членки задржат одредени мерки за јавно здравје.

Промовирани огласи »

Новите мерки за справување со кризата почнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој во гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, секоја мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна.

Мерките се наочени кон најранливите категории, притискот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и комапнии. Исто така, и три програми за земјоделието преку интервентниот фонд не можат да поминат додека не се изгласа ребаланост. Ние имавме намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси, за енергенсите останаа. За опозицијата ребалансот е задоцнет, но затоа има поднесено 800 амандмани, рече Битиќи.

Во врска со наглото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат.

Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас апелирам на моралните вредности на стопанствениците  кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека задолжувањето вчера падна за 2,2 проценти, и како што рече, граѓаните дека не треба да се грижат за задолжувањето, додека оди за продуктивни цели и за справување со кризата.

Се задолживме за време на пандемијата, но имавме пад на економијата помал за 4,2 проценти. Заради тоа спасивме 60.000 работни места. Не е продуктивно само на направиш зграда или пат, продуктивно е да спасиш едно семејство од губење работа. Задолжувањето за да спасиме граѓани од кризата, да обезбедиме енергенси, електрична и топлинска енергија, да креираме работи места, да продолжиме да инвестираме во инфараструктруа е продуктивно, порача Битиќи. 

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32 470 968 илјади денари.

Од нив, 13 004 936 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2021 година се градени вкупно 2 665 објекти, а завршени се 3 235 станови со вкупна површина од 211 252 м2, од кои 3 099 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 65.3 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот.

Промовирани огласи »

Наскоро граѓаните ќе плаќаат сметки за електрична енергија по нов тарифник. Повисоки сметки за струја ќе плаќаат оние кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа.

Регулаторна комисија за енергетика го обајви калкулатор за ТС за универзален снабдувач, на кој секој може да си пресмета сметки по блок тарифи.

Пресметките може да ги направите ОВДЕ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »