Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега.

Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот.

Повод за денешната средба е нашата иницијатива за начинот на отчитување на мерните единици кои беа причина за голем број на претставки изминатата година, а кои Народниот правобранител ги констатираше дека граѓаните се жалат на паушално фактурирани сметки за потрошена електрична енергија и неможноста истите да се плаќаат. Затоа покренавме иницијатива да ја видиме регулативата како тоа прашање е уредено и дали во таа насока може да се подобри состојбата за да може на граѓаните да им се олесни товарот кој им доаѓа како резултат на плаќање на сметките за потрошена струја, изјави Зибери по средбата.

Тој нагласи дека за оваа тема се одржаа две средби со РКЕ на кои, како што кажа, им било укажано дека операторот е должен најмалку еднаш годишно да ги отчитува струјомерите за што сметаат дека често пати претставува товар кој особено се појави како проблем при крајот на 2021 година кога дојде до зголемување на цената на електричната енергија. До омбудсманот во тој период пристигнале околу 90 поплаки. За тоа имало и реакции од здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштита на правата на потрошувачите, а и РКЕ упатила апел до граѓаните да поднесуваат приговори за сметките што ги добиле во тој период.

Во разговорите со РКЕ дојдовме до заеднички став дека правилата треба да претрпат промени во овој дел и да стане обврска операторот да ги отчитува броилата најмалку квартално што значи четирипати во годината, а по потреба и почесто. Сметаме дека тоа ќе придонесе граѓаните да не добиваат постојано фактурирани сметки без увид во реалната состојба на струјомерите и реалната потрошена електрична енергија, потенцира Зибери.

Бислимоски денешниот настан го оцени како одличен пример на соработка на две независни институции за олеснување на проблемите на граѓаните.

РКЕ пристапи кон измена на правилата за снабдување со електрична енергија со што операторот на дистрибутивниот систем – Електродистрибуција најмалку четири пати во текот на годината да ги отчитува броилата со дополнителна препорака особено редовно тоа да го прави во текот на зимските месеци кога имаме и најголем број на поплаки пред се поради тоа што граѓаните ја користат електричната енергија за загревање. Во таа насока се и останатите измени кои ги правиме на тарифниот систем со воведувањето на блоковите кои предвидуваат блоковите да не бидат фиксни, туку да зависат од бројот на денови на отчитување на броилата, прецизира Бислимоски и додаде дека граѓаните од тој аспект ќе бидат безбедни.

Најави дека ќе се разгледа и можноста да им се олесни плаќањето на граѓаните на сметките за струја за да имаат рамномерни трошоци во текот на целата година преку тоа што ќе им дадат можност вкупно потрошената струја за една година да ја плаќаат на 12 еднакви рати, односно по иста сума месечно наместо да имаат пикови во текот на зимската сезона кога висината на сметките е најголема.

Врз основа на трошоци кои биле во претходната година доколку сакаат граѓаните за следната година трошокот од претходната ќе може да им се подели на подеднакви 12 месечни рати. Тоа е со една единствена цел да има рамномерен и предвидлив трошок во текот на целата година, истакна Бислимоски и посочи дека за тоа ќе биде отворена дебата и ќе има состаноци со Електродистрибуција за да нема пикови кога граѓаните се греат на струја, а во летните месеци да доаѓаат ниски сметки.

Промовирани огласи »

 Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира министерот Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

Тој додаде дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.

Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши.

Според Одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година. 

Промовирани огласи »

Биткоинот и другите криптовалути имаат тенденција да корелираат со акции и други ризични средства

Биткоинот вчера во азиското тргување падна на најниско ниво во последните 18 месеци, под влијание на загрижувачките податоци за инфлацијата во САД, што предизвика аверзија кај инвеститорите кон инвестициите во ризични средства.

Но, падот не застана тука.

Имено, монетата продолжи да паѓа, достигнувајќи ниво под 24.000 долари - најниско од декември 2020 година, бидејќи инвеститорите ги отфрлија криптовалутите во услови на поширока продажба на ризични средства. Во меѓувреме, компанијата за криптовалути, Целзиус, го паузираше повлекувањето на средствата за своите клиенти.

Најголемата криптовалута во светот, биткоинот, се тргуваше за околу 23.575 долари во 7:45 часот на Волстрит, според CoinDesk. Во текот на викендот и понеделник наутро, повеќе од 200 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути.

Пазарната капитализација на криптовалутите падна на под еден трилион долари во понеделник, 13 јуни, за прв пат од февруари 2021 година, според CoinMarketCap.

За сето тоа, односно за пазарот на мечки на берзата секако придонесуваат различни макро фактори, додека инфлацијата продолжува, а се очекува дека Федералните резерви оваа недела ќе ги зголемат каматните стапки за да го контролира растот на цените. Минатата недела американските индекси силно се распродадоа, а индексот Nasdaq нагло падна.

Биткоинот и другите криптовалути имаат тенденција да корелираат со акции и други ризични средства. Кога овие индекси паѓаат, паѓа и крипто.

Промовирани огласи »

Европскиот парламент и европските влади се согласија во понеделникот вечерта за правилата за ковид потврди ќе останат во сила во следните 12 месеци бидејќи пандемијата на коронавирус сè уште трае.

Претставниците на Европскиот парламент и владите на ЕУ се согласија да ја продолжат регулативата до 30 јуни 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека регулативата може да биде отповикана пред тој рок, доколку здравствената состојба дозволи.

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија.

Со помош на QR-код, сертификатот може да се користи за да се докаже дали некое лице е вакцинирано против коронавирус, дали е негативно тестирано за коронавирус или дали се опоравило од ковид-19.

Дигиталната верзија може да се зачува на мобилен уред.

Во февруари, Европската комисија предложи продолжување на регулативата за сертификатите на ковид.

Вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и во оваа фаза не е можно да се утврди влијанието на можното ширење на инфекцијата во втората половина на 2022 година или појавата на нови варијанти, соопшти Комисијата.

Проширувањето на регулативата им овозможува на патниците да продолжат да го користат својот сертификат за коронавирус доколку земјите-членки задржат одредени мерки за јавно здравје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »