Промовирани огласи »

Иако трендот „работа од дома“ за време на Ковид-19 докажа дека вработените можат да бидат продуктивни надвор од канцеларијата, експертите за човечки ресурси истакнуваат дека многу менаџери доживеале загуба на контрола во споредба со пред пандемичните времиња. Политиките за „работа од дома“ и промовирањето на менталитетот назад во канцеларијата, барем делумно, може да бидат иницирани од желба да добијат некоја контрола.

Од друга страна, експертите за вработување предвидуваат дека и покрај отпорот на некои менаџери за „работа од дома“, тие едноставно треба да ја направат тековна опција бидејќи компаниите сакаат да ги задржат и регрутираат вработените.

Во САД, ново истражување од PwC покажува дека скоро две третини од работниците се во потрага по нова позиција, додека бројките од водечкиот британски сајт за работни места Totaljobs покажуваат дека повеќе од три четвртини од Британците активно пребаруваат нови работни места.

Промовирани огласи »

Во Јужна Кореја, компаниите веќе ги заменуваат работниците со роботи. 

Во јануари е усвоен Закон за работни односи, којшто им овозможува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, и тоа ги натера компаниите да вложуваат во роботи. Компаниите сега,  бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат човечки кадар во погоните.

Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да останеме во чекор. Автоматизацијата е следниот потфат во тој процес, изјави Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.

Се додава дека јужнокорејските фабрики имаат недоволно висок степен на безбедност. И претходно, бројни истражувања предвидуваа дека во иднина многу професии ќе одат во историја, затоа што обврските ќе ги обавуваат роботи. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Денес, во просториите на Бизнис Академија Смилевски беше потпишан пријателски меморандум за соработка меѓу KARIERA.mk и БАС со цел доближување на можностите за обуки, пракси и вработувања на студентите од оваа образовна институција.

Во наредниот период, најавени се одлични активности за запознавање на студентите со можностите кои ги нуди KARIERA.mk со цел полесно интегрирање на студентстската маса на пазарот на труд. 

Oд октомври, кога очекуваме повторно враќање на студентите во клупите со физичко присуство, најавени се и обуки за правилно пишување на CV и мотивациско писмо како и запознавање на студентите со МојаКАРИЕРА картичката која нуди одлични шанси за вработување кај младите.

Ваквите соработки, се од исклучително значење за нашиот сервис бидејќи на нашите компании клиенти им се потребни млади професионалци кои се спремни да зачекорат во светот на бизнисот веднаш по завршувањето на своите студии, или уште подобро за време на нивните студии во форма на практична работа при која ќе се стекнат со вештини кои ќе им бидат од големо значење во целиот процес на вработување - Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

Меморандумот за соработка беше официјално потпишан од страна на Проф. Д-р Маја Кузмановска, директор на Бизнис Академија Смилевски и Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Во САД е спроведено истражување за потребите и желбите на 500 претставници на таканаречената генерација Z, на возраст од 18 до 24 години. Еве какви се резултатите:

Многупати се пишувало за милениумците и за генерацијата Z, како и за помладите работници кои се обидуваат да го променат пазарот на трудот, нивните идеи, иницијативи, но и услови/барања.

Родените помеѓу 1997 и 2012 година, се против традиционалните професии и сакаат да се занимаваат, односно сакаат да се занимаваат само со иновативни професии. Од друга страна, точно е дека оваа генерација сака компаниите во кои работат да разберат кои се нивните приоритети и зошто бараат повеќе, а потоа да отворат работни места кои ги исполнуваат очекувањата на младите (и идните) работници.

Со цел да се спречат различните митови кои кружат за нив, поврзани со работата, во САД е спроведено истражување за потребите и желбите на 500 претставници на генерацијата Z, на возраст од 18 до 24 години.

Целта беше да се открие што сака генерацијата Z и како компаниите можат да излезат во пресрет, со цел да се привлечат и задржат овие талентирани и креативни млади луѓе.

Истражувањето покажува дека платата на генерацијата Z е многу важна, бидејќи 61 процент од испитаниците изјавиле дека нивната плата и бенефиции се клучни.

Истражувањето ја истакна и далечинската работа, која се смета за предност кај помладата генерација.

Сепак, тоа не е пресудно за нив. Само 34% од испитаниците ја доживуваат работата на далечина како таква.

Изненадувањето е, можеби, уште една област што е важна за оваа генерација, а тоа е грижата за менталното здравје, бидејќи 51 процент од испитаниците го рангирале овој фактор меѓу 3-те најважни.

Значи, од ова заклучуваме дека работодавачите кои сакаат да вработат млади луѓе треба повеќе да внимаваат на менталното здравје и благосостојба.

Според студијата на Националниот институт за здравје, секој трет адолесцент, на возраст од 13 до 18 години, доживеал анксиозно растројство. Дополнително, бројот на самоубиства кај тинејџерите се зголемил за 56 отсто, меѓу 2007 и 2017 година.

Друга важна работа што ја сака генерацијата Z е платено боледување, како што е боледувањето посветено на грижата за сопственото ментално здравје. Очекуваат работодавачот да им понуди различни терапии и да ја нагласи рамнотежата помеѓу работата и слободното време.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »