Промовирани огласи »

Со децении, професионалната културата во многу западни земји е „работи напорно и ќе бидеш награден“. Ако се стремите и ја работите работата со љубов , платата ќе ви биде вистинско задоволство.

Се повеќе вработени доживуваат „burn out“ на работните места, додека поради економска несигурност тековно вработените барат повеќе бенефиции како што се поголеми плати, повеќе слободно време, флексибилност да работат „од дома“, поголема општествена и еколошка одговорност. Многу од овие вредности беа милениумски претпочитања, но за Gen: Z, тие станаа очекувања – и тие се подготвени да го напуштат работното место ако нивните потреби не се исполнети.

Како резултат на нивната бунтовност Gen: Z ги нарекуваат и антикапиталисти, но сепак не се.  Лугето од Gen: Z сакаaт да работaт напорно но за вистинскиот работодавач. Сепак ако нивните барања не кореспондираат со работата која им се нуди, тие ќе си заминат. Многумина тврдат дека тие се едноставно генерација која одговара на социјалните движења на нивното време.

Промовирани огласи »

А1 Македонија веќе втора година по ред ја отвора програмата A1 WayUp и е во потрага по млади дипломци кои сакаат да го градат својот кариерен пат и да работат на реални проекти преку кои ќе стекнат вештини на иднината. Компанијата отвора вкупно 18 позиции за платена пракса, со полно работно време, а практикантите ќе имаат можност да го стекнат своето прво работно искуство и да работат на проекти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи.

Додека работат на проекти, практикантите од A1 WayUp ќе имаат целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки за важни деловни вештини како што се презентација, ефективна комуникација, агилни начини на работа.

„Истражувањата покажуваат дека 65% од основците ќе се занимаваат со професии кои сè уште не постојат, а дури 94% од работодавачите веќе очекуваат нивните вработени да стекнат нови вештини додека работат. Увидувајќи го трендот на иднината, А1 Македонија веќе втора година по ред ги отвора вратите на младите и им нуди кариерен пат и усовршување на вештините на иднината. Практикантите од A1 WayUp во текот на работата добиваат можност да работат на комплексни проекти и целосна поддршка од ментори“, истакна Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси.

Програмата A1 WayUp се отвора втора година по ред и има за цел на младите да им овозможи кариерен пат и вештини на иднината. Во текот на првата година 11 млади дипломци од областа на Data работеа на реални проекти, и уште во првите шест месеци стекнаа дигитални вештини, а усвоија и голем број други деловни вештини кои денес ги користат во кариерата.

Учесниците од првата генерација од програмата A1 WayUp веќе се вработени во А1 Македонија.

„Програмата A1 WayUp е вистинска можност за младите кои се на крај од своите студии или кои завршиле и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Поддршката која ја нуди тимот и можноста за работа со најсовремена дигитална технологија е навистина голем бенефит и одличен почеток на кариерата“, изјави Здравко Тодоров, Помлад дата аналитичар за машинско учење, кој својата кариера во А1 Македонија ја започна како практикант во првата генерација на A1 WayUp.

Рокот за апликации за програмата A1 WayUp за сите 18 отворени позиции започнува денес, 15 јуни и трае еден месец, сè до 15 јули. Сите млади кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле, а сакаат да го градат својот кариерен пат во дигиталната и ИКТ индустријата, може да аплицираат преку линкот.

Промовирани огласи »

Лондон (CNN Business) Bitcoin и други криптовалути продолжија да се „лизгаат“ надолу во вторникот, бидејќи инвеститорите не ги избегнаа ризичните средства. Во иднина се очекува нагло зголемување на каматните стапки за справување со инфлацијата.

Тензиите растат откако две од најголемите криптовалутни платформи во светот ја ограничија активноста во понеделникот, бидејќи крахот на пазарот продолжи.

Celsius Network не знае кога ќе им овозможи на муштериите да ги повлечат своите депозити повторно, само дека тоа ќе „одземе време".

Во меѓувреме, владите внимателно го следат паѓањето на крипто валутите и би можеле да се придвижат кон заштита на инвеститорите. 
 

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи од денеска до крајот на септември ќе бидат замрзнати. Граѓаните се жалат дека мерката е задоцнета бидејќи цените се „отидени до плафон“, но она што дополнително ги револтира граѓаните е дека се намалува и количината, односно грамажата на одредени продукти кои се продаваат поскапо.

Киселото млеко од половина килограм сега е намалено на 400 грама, зејтинот наместо литар сега е 900 милилитри. Исто е и со шеќерот и солта кои се продаваат по помалку од килограм.

Зејтинот и натаму со шок цена, има најави и за поскапување на месото за 2-30 отсто.

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии, пак, преку Стопанската комора побара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка.

Во спротивно на краток рок за две до три недели во зависност од тековните залихи прво ќе следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора.

Не стивнуваат реакциите на граѓаните кои велат дека едвај се врзува крај со крај, токму поради превисоките цени на храната. Многумина сметаат дека Владата би требало да ја укине акцизата за горивата, па така може да се очекува колку толку пад на цените на храната.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ за мај изнесува 38.791,00 денари, а од јануари годинава е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32 %.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »