Промовирани огласи »

Лондон (CNN Business) Bitcoin и други криптовалути продолжија да се „лизгаат“ надолу во вторникот, бидејќи инвеститорите не ги избегнаа ризичните средства. Во иднина се очекува нагло зголемување на каматните стапки за справување со инфлацијата.

Тензиите растат откако две од најголемите криптовалутни платформи во светот ја ограничија активноста во понеделникот, бидејќи крахот на пазарот продолжи.

Celsius Network не знае кога ќе им овозможи на муштериите да ги повлечат своите депозити повторно, само дека тоа ќе „одземе време".

Во меѓувреме, владите внимателно го следат паѓањето на крипто валутите и би можеле да се придвижат кон заштита на инвеститорите. 
 

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи од денеска до крајот на септември ќе бидат замрзнати. Граѓаните се жалат дека мерката е задоцнета бидејќи цените се „отидени до плафон“, но она што дополнително ги револтира граѓаните е дека се намалува и количината, односно грамажата на одредени продукти кои се продаваат поскапо.

Киселото млеко од половина килограм сега е намалено на 400 грама, зејтинот наместо литар сега е 900 милилитри. Исто е и со шеќерот и солта кои се продаваат по помалку од килограм.

Зејтинот и натаму со шок цена, има најави и за поскапување на месото за 2-30 отсто.

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии, пак, преку Стопанската комора побара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка.

Во спротивно на краток рок за две до три недели во зависност од тековните залихи прво ќе следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора.

Не стивнуваат реакциите на граѓаните кои велат дека едвај се врзува крај со крај, токму поради превисоките цени на храната. Многумина сметаат дека Владата би требало да ја укине акцизата за горивата, па така може да се очекува колку толку пад на цените на храната.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ за мај изнесува 38.791,00 денари, а од јануари годинава е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32 %.

Промовирани огласи »

Шри Ланка им дава на државните службеници уште еден слободен ден во неделата, со цел да ги поттикне да одгледуваат храна, во период кога земјата се соочува со недостиг, јави Би-би-си.

Земјата има околу еден милион вработени во јавниот сектор.

Шри Ланка, островот каде живеат околу 22 милиони луѓе, се соочува со најлошата економска криза во изминатите 70 години.

Владата го одобри предлогот, работниците во јавниот сектор да го имаат петок за слободен ден, наредните три месеци.

Со оваа одлука, Владата тврди дека сака да им помогне на вработените, кои се соочуваат со потешкотии да дојдат до работното место поради недостиг од гориво, но и да ги охрабри да одгледуваат овошје и зеленчук за да се прехранат себеси и нивните семејства.

Кон крајот на минатиот месец, министерот за земјоделство Махинда Амаравера ги повика земјоделците да одгледуваат повеќе ориз, велејќи дека „јасно е оти ситуацијата со храната станува полоша“.

Во понеделникот, САД информираа дека ќе ѝ пружат помош на земјата.

Промовирани огласи »

Судот во Пасау, Долна Баварија, Германија, казни еден возач со 5.000 евра затоа што покажал среден прст при снимање на радар поради пребрзо возење.

Полициски службеници, кои биле во возилото со радарот, поднеле пријава за навреда на државните органи. Истрагата против 53-годишникот траела девет месеци, по што следи судскиот процес.

Обвинетиот потоа поднел жалба, па ја повлекол и ја прифатил казната за навреда на државните органи во два случаи.

Тој напишал и писмо до полицијата со извинување, а полицијата преку соопштение наведува дека казната можела да биде и повисока. Имено, за намерна навреда на државни органи можна е и затворска казна до една година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »