Промовирани огласи »

Шри Ланка им дава на државните службеници уште еден слободен ден во неделата, со цел да ги поттикне да одгледуваат храна, во период кога земјата се соочува со недостиг, јави Би-би-си.

Земјата има околу еден милион вработени во јавниот сектор.

Шри Ланка, островот каде живеат околу 22 милиони луѓе, се соочува со најлошата економска криза во изминатите 70 години.

Владата го одобри предлогот, работниците во јавниот сектор да го имаат петок за слободен ден, наредните три месеци.

Со оваа одлука, Владата тврди дека сака да им помогне на вработените, кои се соочуваат со потешкотии да дојдат до работното место поради недостиг од гориво, но и да ги охрабри да одгледуваат овошје и зеленчук за да се прехранат себеси и нивните семејства.

Кон крајот на минатиот месец, министерот за земјоделство Махинда Амаравера ги повика земјоделците да одгледуваат повеќе ориз, велејќи дека „јасно е оти ситуацијата со храната станува полоша“.

Во понеделникот, САД информираа дека ќе ѝ пружат помош на земјата.

Промовирани огласи »

Судот во Пасау, Долна Баварија, Германија, казни еден возач со 5.000 евра затоа што покажал среден прст при снимање на радар поради пребрзо возење.

Полициски службеници, кои биле во возилото со радарот, поднеле пријава за навреда на државните органи. Истрагата против 53-годишникот траела девет месеци, по што следи судскиот процес.

Обвинетиот потоа поднел жалба, па ја повлекол и ја прифатил казната за навреда на државните органи во два случаи.

Тој напишал и писмо до полицијата со извинување, а полицијата преку соопштение наведува дека казната можела да биде и повисока. Имено, за намерна навреда на државни органи можна е и затворска казна до една година. 

Промовирани огласи »

Иако трендот „работа од дома“ за време на Ковид-19 докажа дека вработените можат да бидат продуктивни надвор од канцеларијата, експертите за човечки ресурси истакнуваат дека многу менаџери доживеале загуба на контрола во споредба со пред пандемичните времиња. Политиките за „работа од дома“ и промовирањето на менталитетот назад во канцеларијата, барем делумно, може да бидат иницирани од желба да добијат некоја контрола.

Од друга страна, експертите за вработување предвидуваат дека и покрај отпорот на некои менаџери за „работа од дома“, тие едноставно треба да ја направат тековна опција бидејќи компаниите сакаат да ги задржат и регрутираат вработените.

Во САД, ново истражување од PwC покажува дека скоро две третини од работниците се во потрага по нова позиција, додека бројките од водечкиот британски сајт за работни места Totaljobs покажуваат дека повеќе од три четвртини од Британците активно пребаруваат нови работни места.

Промовирани огласи »

Во Јужна Кореја, компаниите веќе ги заменуваат работниците со роботи. 

Во јануари е усвоен Закон за работни односи, којшто им овозможува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, и тоа ги натера компаниите да вложуваат во роботи. Компаниите сега,  бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат човечки кадар во погоните.

Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да останеме во чекор. Автоматизацијата е следниот потфат во тој процес, изјави Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.

Се додава дека јужнокорејските фабрики имаат недоволно висок степен на безбедност. И претходно, бројни истражувања предвидуваа дека во иднина многу професии ќе одат во историја, затоа што обврските ќе ги обавуваат роботи. 

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »