Промовирани огласи »

Не е јасно како е настаната метафората „ние сме семејство“. Најверојатно, некој добронамерен извршен директор сакајќи својата компанија да ја прикаже како семејство. Со текот на времето, се повеќе и повеќе корпоративни лидери почнаа да ја користат фразата „како семејство". Но кога компаниите премногу го употребуваат зборот „ние сме семејство", тоа всушност може да направи штета на компанијата, нејзината култура и морал.

Сепак, компанијата не е семејство. И уште повеќе - компанијата не треба да се обидува да биде семејство.

Кога компаниите премногу го употребуваат зборот „семејство", резултатите ретко се позитивни. Навистина, притисокот за семејни нивоа на посветеност всушност може да направи штета на компанијата нејзината култура и морал.

Злоупотребата на метафората „ние сме семејство“ на работа може да доведе до неколку начини на кои вработените можат да страдаат. Еве три посебно кои се истакнуваат.

  1. Работните граници на вработениот се занемаруваат.
  2. Посветените вработени се земаат „здраво за готово“.
  3. Вработените кои заминуваат се означени како предавници.

Што не е во ред со тоа да си тим наместо семејство?

Намерата зад означувањето на компанијата како семејство можеби би била позитивна – доколку организациите и лидерите сакаат силна култура составена од вработени кои се поврзани еден со друг и кои се охрабруваат меѓусебно во постигнување на нови нивоа на перформанси.

Но ако тоа го сакаме, што не е во ред со тоа што го нарекуваме тим? Силните тимови го испорачуваат токму тоа. И без разлика дали сте во компанија која премногу ја употребува метафората „ние сме семејство“ или не, еве неколку активности кои можете да ги преземете за да изградите посилен тим.

1.Предефинирајте ја вашата работна цел. Една од причините за компаниите кои ја избираат метафората „ние сме семејство“  е едноставниот обид да се зближат заедно луѓе, тимови и организации. Но, како што сите знаеме, само велејќи „ние сме семејство“ не  е доволно да се изградат силни врски.

2. Поставете јасни граници. И покрај тоа што почетокот е секогаш охрабрувачки во нагорна линија, да имаш вработени кои се посветени не е секогаш позитивно бидејќи линијата помеѓу посветените и не доволно ангажираните  вработени е неверојатно тенка.

3. Прославувајте ги заминувањата. Без разлика колку се ангажирани вработените во компанијата, повеќето од нив на крајот ќе продолжат понатаму.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Со децении, професионалната културата во многу западни земји е „работи напорно и ќе бидеш награден“. Ако се стремите и ја работите работата со љубов , платата ќе ви биде вистинско задоволство.

Се повеќе вработени доживуваат „burn out“ на работните места, додека поради економска несигурност тековно вработените барат повеќе бенефиции како што се поголеми плати, повеќе слободно време, флексибилност да работат „од дома“, поголема општествена и еколошка одговорност. Многу од овие вредности беа милениумски претпочитања, но за Gen: Z, тие станаа очекувања – и тие се подготвени да го напуштат работното место ако нивните потреби не се исполнети.

Како резултат на нивната бунтовност Gen: Z ги нарекуваат и антикапиталисти, но сепак не се.  Лугето од Gen: Z сакаaт да работaт напорно но за вистинскиот работодавач. Сепак ако нивните барања не кореспондираат со работата која им се нуди, тие ќе си заминат. Многумина тврдат дека тие се едноставно генерација која одговара на социјалните движења на нивното време.

Промовирани огласи »

А1 Македонија веќе втора година по ред ја отвора програмата A1 WayUp и е во потрага по млади дипломци кои сакаат да го градат својот кариерен пат и да работат на реални проекти преку кои ќе стекнат вештини на иднината. Компанијата отвора вкупно 18 позиции за платена пракса, со полно работно време, а практикантите ќе имаат можност да го стекнат своето прво работно искуство и да работат на проекти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи.

Додека работат на проекти, практикантите од A1 WayUp ќе имаат целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки за важни деловни вештини како што се презентација, ефективна комуникација, агилни начини на работа.

„Истражувањата покажуваат дека 65% од основците ќе се занимаваат со професии кои сè уште не постојат, а дури 94% од работодавачите веќе очекуваат нивните вработени да стекнат нови вештини додека работат. Увидувајќи го трендот на иднината, А1 Македонија веќе втора година по ред ги отвора вратите на младите и им нуди кариерен пат и усовршување на вештините на иднината. Практикантите од A1 WayUp во текот на работата добиваат можност да работат на комплексни проекти и целосна поддршка од ментори“, истакна Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси.

Програмата A1 WayUp се отвора втора година по ред и има за цел на младите да им овозможи кариерен пат и вештини на иднината. Во текот на првата година 11 млади дипломци од областа на Data работеа на реални проекти, и уште во првите шест месеци стекнаа дигитални вештини, а усвоија и голем број други деловни вештини кои денес ги користат во кариерата.

Учесниците од првата генерација од програмата A1 WayUp веќе се вработени во А1 Македонија.

„Програмата A1 WayUp е вистинска можност за младите кои се на крај од своите студии или кои завршиле и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Поддршката која ја нуди тимот и можноста за работа со најсовремена дигитална технологија е навистина голем бенефит и одличен почеток на кариерата“, изјави Здравко Тодоров, Помлад дата аналитичар за машинско учење, кој својата кариера во А1 Македонија ја започна како практикант во првата генерација на A1 WayUp.

Рокот за апликации за програмата A1 WayUp за сите 18 отворени позиции започнува денес, 15 јуни и трае еден месец, сè до 15 јули. Сите млади кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле, а сакаат да го градат својот кариерен пат во дигиталната и ИКТ индустријата, може да аплицираат преку линкот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »