Промовирани огласи »

Денеска 24.06.2022 во просториите на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН  беше потпишан меморандум од страна на ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и генералениот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска. 

Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.

Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.

Формата на долгорочната соработка меѓу Американскиот Универзитет на Европа-ФОН ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.

Дополнително за сите студенти на универзитетот ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се корисни за секој студент, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот.

КАРИЕРА.мк со ентузијазам од денес ги вклучува студентите на овој универзитет во своите активности во иднина.

Промовирани огласи »

Просечниот договор за плати во Обединетото Кралство остана на 4% во трите месеци до мај 2022 година, тој е сè уште на највисоко ниво од 1992 година, но далеку под инфлацијата. Договорите за плати моментално се помеѓу 3% и 5,8%, што истакна некои работодавци да се справат со предизвиците како да ги задржат своите вработени и да одржат атрактивен пакет за компензација. 

Сепак, со мерењето на индексот на потрошувачките цени (CPI) на инфлацијата што достигна 9% во април, 7% во март, работодавачите имаат уште долг пат да поминат за платите да одговараат на зголемените трошоци на живот.

Поради нивото на инфлација трошоците за живот се значително поголеми и покрај покачувањата на просечната плата во последните 10 години и во нашата држава.

По се изгледа трендот на инфлација застапен на светско ниво оневозможува да се примети зголемувањето на платите секаде во светот. Доколку сакате промена на важиот буџет и сте спремни да го замените тековното работно место со ново, сите информации можете да ги најдете ТУКА. 

Промовирани огласи »

Нафтениот шок нема да заврши во 2022 година, бидејќи речиси е сигурно дека ќе прерасне во следната година, пренесува магазинот „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.

Според американскиот дневен весник „Волстрит џурнал“, западните власти се загрижени дека нафтата „брент“ наскоро ќе достигне 150 долари за барел од сегашните околу 120 долари. Некои аналитичари стравуваат дека цената ќе продолжи да расте, поттикната од дополнителната побарувачка поради пандемијата на корона вирусот и европските санкции кон Русија.

Во исчекување на прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика, трговските компании, нафтените компании и земјите од ОПЕК имаат консензус дека во текот на 2023 година побарувачката за „црното злато“ ќе се зголеми меѓу еден милион и 2,5 милиони барели нафта дневно. Во остатокот од тековната година побарувачката на нафта, според прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика, ќе се зголеми за 1,8 милиони барели дневно. Секое годишно зголемување на побарувачката над еден милион барели нафта дневно се смета за доста големо.

Кога станува збор за снабдувањето, трговците со нафта очекуваат дека во најдобар случај Русија ќе го задржи сегашното ниво од околу 10 милиони барели дневно, што е пад од околу 10 отсто од почетокот на воената интервенција на Москва во Украина. Сепак, некои аналитичари сметаат дека понудата би можела да падне за уште еден милион барели или дури и за 1,5 милиони барели нафта дневно.

  

Промовирани огласи »

Цената на становите во Скопје нема да се намалува, а пазарот ќе се сегментира во премиум станови на живеење. Во периодот од 2019  до 2021 година, становите поскапеле за 20 проценти, а само во Скопје лани се продадени приближно 4.500 станови, покажуваат неофицијалните податоци со кои располага консултантската компанија ФОРТОНМКА.

Иако со релативно ниска стапка на поврат на инвестицијата во однос на другите облици на инвестирање, инвестирање во купување на станови сè уште претставува најсигурен и најатрактивен облик на инвестиција за македонските граѓани, информираа денеска на прес-конференција од ФОРТОНМКА, специјализирана компанија за обезбедување на услуги за комерцијален недвижен имот на локално и интернационално ниво.

Минатата година не само што е достигнато нивото на продажба пред пандемијата, туку на годишно ниво е зголемено, со оглед дека во 2019 година во Скопје се продадени 3.388 станови.

Пандемијата немаше значително влијание ниту врз испораката ниту врз продажбата на нови становите, но сепак е евидентирано зголемување на продажните цени по квадратен метар цената, кое не е заради побарувачката  и испораката на становите, туку е директен резултат на зголемувањето на цените на цените на градежните материјали. Во тој контекст многу е тешко да се предвиди дали тие ќе се намалуваат или не, бидејќи зборуваме за фактори кои зависат од глобалните економски трендови и сегашните цени ќе бидат основ на кои ќе се формираат цените на подолг рок, рече на прес-конференција Катерина Николов, оперативен директор на ФОРТОНМКА.

Во 2021 година се издадени одобренија за градење за 7894 станбени единици.

Во однос на порастот на цените што е евидентен направивме една споредба за периодот од 2019 до 2021 година и вкупната вредност изнесува 20 проценти, рече Николов.

Од вкупно испорачаните станови, 65 проценти се во Аеродром и Карпош, а просечната големина на становите што се продаваат е зголемена за неколку квадрати и се движела од 67 во 2018 година до 71 квадратни метри во 2021 година.

Голема е бројката на испорачани станови, но значителна е и бројката на продадени станови  со што бројот на станови од пред пандемијата што би ни бил некој репер за период во кој се продадени голем број станови 3388 во 2019, е зголемен. Одобренијата за градба се зголемени за 180 проценти во 2021 година во однос на претходната година, при што предничи Општина Гази Баба со одобренија за 2241 станбена единица, по што следи Аеродром со 1441 станбена единица, информира Николов.

Осврнувајќи се на порастот за 20 проценти на цената на становите посочи дека тоа е за периодот од три години, односно цената не се зголемувала со исто темпо и сите општини различно реагираат.

Порастот што сега го гледаме ќе го поделам во две групи. Значи, пораст на цени на станови заради градежни материјали што сме сведоци сега или пораст на цените на станови заради дисбаланс во понудата и побарувачката. Искрено на среден рок не гледаме повеќе ако цените на градежните материјали не растат драстично зголемување на цените. Пазарот е балансиран. Значи, не гледаме станови коишто се испорачани на пазарот, а стојат непродадени, наведе Николова.

Прашана дали ќе има намалување на цените на становите во скопските општини Центар и Карпош, каде се бележи најголем пораст, таа посочи дека не се очекува такво нешто.

Едноставно само пазарот ќе се сегментира во премиум станови на живеење, така што ќе имаме само поголема сегментација. Центар и Карпош секогаш ќе бидат во таа цена и ќе растат можеби и побрзо, но тоа е поврзано повторно со понудата. Тука веќе се истрошени земјиштата каде што може да се градат нови станови. Имаме влијанија од градежни материјали и балансирана понуда и побарувачка. Пазарот е најдобро да го гледаме низ призмата на понудата и побарувачката, не шпекулативни цени коишто повторно ќе кажам на краток рок не можеме да ги предвидиме, посочи Николов.

Од страната на побарувачката, како што рече, македонското население се уште купувањето на стан го гледа како најсигурна инвестиција на пазарот на инвестиции кој апсолутно не е развиен. Второ, гледаме трендови на луѓето коишто живеат во странство, коишто се иселеници исто така купувањето на стан им е приоритет. И еден друг податок, а тоа е во секундарните градови што го следиме поради недостаток на земјиште и реализирани ДУП-ови т.е. актуелни ДУП-ови, значи имаме мали градови низ Македонија каде што нема актуелен ДУП во последните 20 години и тука имаме тренд на зголемување на побарувачката. Така што, според нашите анализи на среден рок, освен пак ќе кажам заради цените на градежните материјали, немаме големи измени. Иако цените на градежните материјали последните неколку месеци се стабилизираат не гледаме дека ќе имаме големи измени на среден рок, наведе Николова.

Во 2021 година, малопродажниот сегмент стабилно закрепнувал од пандемијата. Клиентите се вратиле на шопинг искуството во традиционалните формати на малопродажба поради потребата за социјална интеракција и физичко присуство. Минатата 2021 година беше обележана со отворањето на најголемиот трговски центар во Македонија, Ист Гејт Мол  и влез на пазарот за група долгоочекувани брендови. Покрај најавените два нови проекти во Скопје, Дајмонд Мол и Џевахир Мол, фокусот во развојот на малопродажниот сегмент е позициониран во секундарните градови со тенденција за отворање на малопродажни паркови. Недостатокот на квалитетен простор, како и потребата за проширување на меѓународните брендови во другите градови освен Скопје, според анализите на ФОРТОНМКА создава одлични можности за инвеститорите идните вложувања да ги насочат кон малопродажните паркови, но исклучиво според меѓународните стандарди за ваков тип проекти.

Понудата на малопродажен простор надвор од организирани целини (трговски центри) значајно се зголемува и истата не е усогласена со реалната побарувачка. Ова е резултат на изградбата на компатибилни намени во сегментот домување, што резултира со предимензиониран малопродажен простор во голем број на станбени згради. Предлагаме поголемо внимание при планирањето и изградбата на објекти со компатибилни намени, посочи Николов.

Како што наведе, сè повеќе компании бараат канцелариски простор на премиум локации или локации со лесен пристап до градската инфраструктура. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »