Промовирани огласи »

Цената на становите во Скопје нема да се намалува, а пазарот ќе се сегментира во премиум станови на живеење. Во периодот од 2019  до 2021 година, становите поскапеле за 20 проценти, а само во Скопје лани се продадени приближно 4.500 станови, покажуваат неофицијалните податоци со кои располага консултантската компанија ФОРТОНМКА.

Иако со релативно ниска стапка на поврат на инвестицијата во однос на другите облици на инвестирање, инвестирање во купување на станови сè уште претставува најсигурен и најатрактивен облик на инвестиција за македонските граѓани, информираа денеска на прес-конференција од ФОРТОНМКА, специјализирана компанија за обезбедување на услуги за комерцијален недвижен имот на локално и интернационално ниво.

Минатата година не само што е достигнато нивото на продажба пред пандемијата, туку на годишно ниво е зголемено, со оглед дека во 2019 година во Скопје се продадени 3.388 станови.

Пандемијата немаше значително влијание ниту врз испораката ниту врз продажбата на нови становите, но сепак е евидентирано зголемување на продажните цени по квадратен метар цената, кое не е заради побарувачката  и испораката на становите, туку е директен резултат на зголемувањето на цените на цените на градежните материјали. Во тој контекст многу е тешко да се предвиди дали тие ќе се намалуваат или не, бидејќи зборуваме за фактори кои зависат од глобалните економски трендови и сегашните цени ќе бидат основ на кои ќе се формираат цените на подолг рок, рече на прес-конференција Катерина Николов, оперативен директор на ФОРТОНМКА.

Во 2021 година се издадени одобренија за градење за 7894 станбени единици.

Во однос на порастот на цените што е евидентен направивме една споредба за периодот од 2019 до 2021 година и вкупната вредност изнесува 20 проценти, рече Николов.

Од вкупно испорачаните станови, 65 проценти се во Аеродром и Карпош, а просечната големина на становите што се продаваат е зголемена за неколку квадрати и се движела од 67 во 2018 година до 71 квадратни метри во 2021 година.

Голема е бројката на испорачани станови, но значителна е и бројката на продадени станови  со што бројот на станови од пред пандемијата што би ни бил некој репер за период во кој се продадени голем број станови 3388 во 2019, е зголемен. Одобренијата за градба се зголемени за 180 проценти во 2021 година во однос на претходната година, при што предничи Општина Гази Баба со одобренија за 2241 станбена единица, по што следи Аеродром со 1441 станбена единица, информира Николов.

Осврнувајќи се на порастот за 20 проценти на цената на становите посочи дека тоа е за периодот од три години, односно цената не се зголемувала со исто темпо и сите општини различно реагираат.

Порастот што сега го гледаме ќе го поделам во две групи. Значи, пораст на цени на станови заради градежни материјали што сме сведоци сега или пораст на цените на станови заради дисбаланс во понудата и побарувачката. Искрено на среден рок не гледаме повеќе ако цените на градежните материјали не растат драстично зголемување на цените. Пазарот е балансиран. Значи, не гледаме станови коишто се испорачани на пазарот, а стојат непродадени, наведе Николова.

Прашана дали ќе има намалување на цените на становите во скопските општини Центар и Карпош, каде се бележи најголем пораст, таа посочи дека не се очекува такво нешто.

Едноставно само пазарот ќе се сегментира во премиум станови на живеење, така што ќе имаме само поголема сегментација. Центар и Карпош секогаш ќе бидат во таа цена и ќе растат можеби и побрзо, но тоа е поврзано повторно со понудата. Тука веќе се истрошени земјиштата каде што може да се градат нови станови. Имаме влијанија од градежни материјали и балансирана понуда и побарувачка. Пазарот е најдобро да го гледаме низ призмата на понудата и побарувачката, не шпекулативни цени коишто повторно ќе кажам на краток рок не можеме да ги предвидиме, посочи Николов.

Од страната на побарувачката, како што рече, македонското население се уште купувањето на стан го гледа како најсигурна инвестиција на пазарот на инвестиции кој апсолутно не е развиен. Второ, гледаме трендови на луѓето коишто живеат во странство, коишто се иселеници исто така купувањето на стан им е приоритет. И еден друг податок, а тоа е во секундарните градови што го следиме поради недостаток на земјиште и реализирани ДУП-ови т.е. актуелни ДУП-ови, значи имаме мали градови низ Македонија каде што нема актуелен ДУП во последните 20 години и тука имаме тренд на зголемување на побарувачката. Така што, според нашите анализи на среден рок, освен пак ќе кажам заради цените на градежните материјали, немаме големи измени. Иако цените на градежните материјали последните неколку месеци се стабилизираат не гледаме дека ќе имаме големи измени на среден рок, наведе Николова.

Во 2021 година, малопродажниот сегмент стабилно закрепнувал од пандемијата. Клиентите се вратиле на шопинг искуството во традиционалните формати на малопродажба поради потребата за социјална интеракција и физичко присуство. Минатата 2021 година беше обележана со отворањето на најголемиот трговски центар во Македонија, Ист Гејт Мол  и влез на пазарот за група долгоочекувани брендови. Покрај најавените два нови проекти во Скопје, Дајмонд Мол и Џевахир Мол, фокусот во развојот на малопродажниот сегмент е позициониран во секундарните градови со тенденција за отворање на малопродажни паркови. Недостатокот на квалитетен простор, како и потребата за проширување на меѓународните брендови во другите градови освен Скопје, според анализите на ФОРТОНМКА создава одлични можности за инвеститорите идните вложувања да ги насочат кон малопродажните паркови, но исклучиво според меѓународните стандарди за ваков тип проекти.

Понудата на малопродажен простор надвор од организирани целини (трговски центри) значајно се зголемува и истата не е усогласена со реалната побарувачка. Ова е резултат на изградбата на компатибилни намени во сегментот домување, што резултира со предимензиониран малопродажен простор во голем број на станбени згради. Предлагаме поголемо внимание при планирањето и изградбата на објекти со компатибилни намени, посочи Николов.

Како што наведе, сè повеќе компании бараат канцелариски простор на премиум локации или локации со лесен пристап до градската инфраструктура. 

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека од 1 јули мора да има минимално зголемување на цената на електричната енергија, но и дека струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде 100-отсто домашно производство.

Се надевам дека нема да имаме многу јака зима, иако ќе биде тешка од енергетски аспект. Луѓето треба да знаат дека никогаш 100 отсто не сме произведувале електрична енергија од домашно производство. Сите потреби на регулираниот пазар треба да бидат задоволени од домашните капацитети, рече Битиќи.

Вицепремиерот најави дека струјата за домаќинствата и малите потрошувачи и натаму ќе биде „субвенционирана“ од државата, но во помал износ кој ќе биде од 50 до 60 отсто од сметките.

Ние ќе продадеме по цена која е пониска од производствената, тоа што ќе го осигураме ќе биде од домашно производство. Сега ќе биде 100 отсто од наше производство, ќе се стават сите капацитети во функција, не само ТЕЦ Неготино, туку и третиот блок на РЕК Битола и сите хидроакумулации. Се уште ќе биде 50 до 60 отсто субвенционирана електричната енергија за домаќинствата, а со тарифниот систем ќе се зголеми и праведноста во плаќањето и ќе се заштитат голем дел од нашите граѓани кои помалку трошат, тврди тој.

Битиќи очекува и пет до шест големи инвестиции кои ќе дадат пониска цена на електрична енергија, како што вели, дури и од јагленот, гасот и мазутот

Според сите проекции и планоцви, освен ако не се случи некоја голема инфомрација, се надевам дека целокупното производство на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде од домашно производство, уверува Битиќи.

Промовирани огласи »

Во општина Бутел од вчера започна поставувањето на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

На барање на жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

„Легнати полицајци“ ќе се поставуваат во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Св Климент, Живко Брајковски, Скопје Север,Бутел 2, Визбегово и Кучевачка Бара.

Поставувањето на нови таканаречени легнати полицајци е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што беше предизборно ветување, рече Костовски. 

 Општина Бутел за овој проект од својот Буџет издвои околу три милиони денари.

Промовирани огласи »

Образованието на младите генерации повторно ја разбранува јавноста.

Колку реално се образовани, а колку оценките им се подарени.

Темата е навистина повеќеслојна и опсежна за анализа.

Еве дел од ставовите на познавачите на проблематиката, но и на родителите:

Сите петки во основно и средно, како и сите десетки на факултет е доказ за корупција, непотизам, малограѓанштина, безобразлук, криминал. Родителите, кои средно едвај завршиле со 3, се тепаат да има нивното дете петка по секој предмет. Умни се Скандинавците кои оценки не ставаат долго време, дури на 16 годишна возраст. Описменувањето е желба, не наредба, описменувањето не се купува со пари. Афинитетите на децата се на прво место, смета активистката Ана Глигорова.

Училиштата се ВОСПИТНО-образовни институции. Би требало да е најважно да се усвојат критериуми, интегритет, желба за узнавање, па дури потоа Омов закон, Кутмичевица, мејоза и митоза ... Многу ме интересира, дали воопшто некој некој некој некој се чувствува одговорен за ова - кој било наставник, родител, ученик, дали е некој свесен како самиот тој придонел кон ова, и лично и како дел од колективот? Еве, нека не се чувствува виновен, не одговорен, дали барем некој се подразбудил, па да се приотрезнил и да е свесен куд плови овај брод, и зошто? И не само како друго ништо не чини, туку кој е сопствениот удел?, гласи ставот на  преведувачката Јасна Шоптрајанова.

A дали е во ред првенци на генерација, во основни училишта, со чесно, со знаење и труд добиени дипломи од натпревари да се стават во ист кош со тие со поклонети петки. За да се избере првенец на генерација и ученик на година, има јасни критериуми по кои се избираат, тука нема местење, смета еден родител.

Да се воведе приемен и на факултетите, секој втор полуписмен и полуустен стана магистер. На колега кому јас му ја подготвував дипломската, на одбраната не знаеше дури ни да ја интерпретира, дипломираше со 6, а се вработи истиот месец откако дипломира и за некое време си зема и решение на неопределено. А, еве ме мене со стипендиите и десетките, трета година чекам трансформација и нема да ја дочекам, слаби ми биле конекциите и ургенциите!, споделува искуство една скопјанка. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »