Промовирани огласи »

Во општина Бутел од вчера започна поставувањето на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

На барање на жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

„Легнати полицајци“ ќе се поставуваат во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Св Климент, Живко Брајковски, Скопје Север,Бутел 2, Визбегово и Кучевачка Бара.

Поставувањето на нови таканаречени легнати полицајци е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што беше предизборно ветување, рече Костовски. 

 Општина Бутел за овој проект од својот Буџет издвои околу три милиони денари.

Промовирани огласи »

Образованието на младите генерации повторно ја разбранува јавноста.

Колку реално се образовани, а колку оценките им се подарени.

Темата е навистина повеќеслојна и опсежна за анализа.

Еве дел од ставовите на познавачите на проблематиката, но и на родителите:

Сите петки во основно и средно, како и сите десетки на факултет е доказ за корупција, непотизам, малограѓанштина, безобразлук, криминал. Родителите, кои средно едвај завршиле со 3, се тепаат да има нивното дете петка по секој предмет. Умни се Скандинавците кои оценки не ставаат долго време, дури на 16 годишна возраст. Описменувањето е желба, не наредба, описменувањето не се купува со пари. Афинитетите на децата се на прво место, смета активистката Ана Глигорова.

Училиштата се ВОСПИТНО-образовни институции. Би требало да е најважно да се усвојат критериуми, интегритет, желба за узнавање, па дури потоа Омов закон, Кутмичевица, мејоза и митоза ... Многу ме интересира, дали воопшто некој некој некој некој се чувствува одговорен за ова - кој било наставник, родител, ученик, дали е некој свесен како самиот тој придонел кон ова, и лично и како дел од колективот? Еве, нека не се чувствува виновен, не одговорен, дали барем некој се подразбудил, па да се приотрезнил и да е свесен куд плови овај брод, и зошто? И не само како друго ништо не чини, туку кој е сопствениот удел?, гласи ставот на  преведувачката Јасна Шоптрајанова.

A дали е во ред првенци на генерација, во основни училишта, со чесно, со знаење и труд добиени дипломи од натпревари да се стават во ист кош со тие со поклонети петки. За да се избере првенец на генерација и ученик на година, има јасни критериуми по кои се избираат, тука нема местење, смета еден родител.

Да се воведе приемен и на факултетите, секој втор полуписмен и полуустен стана магистер. На колега кому јас му ја подготвував дипломската, на одбраната не знаеше дури ни да ја интерпретира, дипломираше со 6, а се вработи истиот месец откако дипломира и за некое време си зема и решение на неопределено. А, еве ме мене со стипендиите и десетките, трета година чекам трансформација и нема да ја дочекам, слаби ми биле конекциите и ургенциите!, споделува искуство една скопјанка. 

Промовирани огласи »

Индикативни резултати од приемниот испит во гимназијата Орце Николов

Во гимназијата Орце Николов во Скопје вчера се одржа приемен испит за упис во прва година затоа што имало пријавени 50-тина кандидати повеќе од слободните места, а сите биле со континуиран одличен успех од 6. до 9. одделение. Биле тестирани 292 ученици (сите “скроз“ одлични) при што тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Ако ги анализираме освоените поени од ранг листата може да забележиме дека:

1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.
2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.
3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.
4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.
5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.

А сите 292 тестирани кандидати дошле со сите петки од основно училиште!? Резултати за дискусија.

Фејсбук статус на Слободан Таневски.

Промовирани огласи »


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2022 година, изнесува 31 525 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,1 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (17 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 отсто), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 отсто) - објавува ДЗС.

Минатиот месец ДЗС објави дека нето платата во месец март достигна 31.080 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »