Образованието на младите генерации повторно ја разбранува јавноста.
Колку реално се образовани, а колку оценките им се подарени.
Темата е навистина повеќеслојна и опсежна за анализа.
Еве дел од ставовите на познавачите на проблематиката, но и на родителите:
Сите петки во основно и средно, како и сите десетки на факултет е доказ за корупција, непотизам, малограѓанштина, безобразлук, криминал. Родителите, кои средно едвај завршиле со 3, се тепаат да има нивното дете петка по секој предмет. Умни се Скандинавците кои оценки не ставаат долго време, дури на 16 годишна возраст. Описменувањето е желба, не наредба, описменувањето не се купува со пари. Афинитетите на децата се на прво место, смета активистката Ана Глигорова.
Училиштата се ВОСПИТНО-образовни институции. Би требало да е најважно да се усвојат критериуми, интегритет, желба за узнавање, па дури потоа Омов закон, Кутмичевица, мејоза и митоза ... Многу ме интересира, дали воопшто некој некој некој некој се чувствува одговорен за ова - кој било наставник, родител, ученик, дали е некој свесен како самиот тој придонел кон ова, и лично и како дел од колективот? Еве, нека не се чувствува виновен, не одговорен, дали барем некој се подразбудил, па да се приотрезнил и да е свесен куд плови овај брод, и зошто? И не само како друго ништо не чини, туку кој е сопствениот удел?, гласи ставот на преведувачката Јасна Шоптрајанова.
A дали е во ред првенци на генерација, во основни училишта, со чесно, со знаење и труд добиени дипломи од натпревари да се стават во ист кош со тие со поклонети петки. За да се избере првенец на генерација и ученик на година, има јасни критериуми по кои се избираат, тука нема местење, смета еден родител.
Да се воведе приемен и на факултетите, секој втор полуписмен и полуустен стана магистер. На колега кому јас му ја подготвував дипломската, на одбраната не знаеше дури ни да ја интерпретира, дипломираше со 6, а се вработи истиот месец откако дипломира и за некое време си зема и решение на неопределено. А, еве ме мене со стипендиите и десетките, трета година чекам трансформација и нема да ја дочекам, слаби ми биле конекциите и ургенциите!, споделува искуство една скопјанка.