Промовирани огласи »

Од ЈСП-Скопје информираат дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје.

Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот. Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална. Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта. Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.

Во случај на појавен проблем од било каква природа, корисниците можат да се обратат на [email protected].

И натаму, корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“.

Персонализираните картички се продаваат во центрите за персонализација на ЈСП Скопје и чинат 200 ден, а неперсонализираните во центрите за персонализација, во билетарнците на ЈСП, како и во возилата на ЈСП Скопје.

Неперсонализираната „Скопска“ чини 150 ден и на неа има две гратис возења.

Можност за купување/валидирање билет се нуди и со опцијата Mobipay (мобилно плаќање).

Промовирани огласи »

Сите знаеме дека пред да тргнеме на одмор, најважно е да ги провериме потребните документи за влез во земјата што ќе ја посетиме, но треба да знаете и колку месеци пред да ви истече пасошот можете да влезете во некоја држава.

За земји како Грција и Албанија пасошот треба да ви биде валиден најмалку три месеци, додека во Египет пасошот треба да биде валиден најмалку шест месеци ако сакате да влезете во државата.

Дополнително,  во некои држави месеците се бројат од денот кога влегувате во државата, а во некои од денот кога ја напуштате.

Во групата на држави кои бараат пасош со валидност од најмалку 3 месеци спаѓаат: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.

За земјите во Шенген зоната, пасошот треба да биде валиден 3 месеци од датумот кога планирате да ја напуштите државата и тука се: Шпанија, Италија, Малта, Грција и Франција.

Во групата на држави кои бараат пасош со валидност од најмалку 6 месеци спаѓаат:  Египет, Индонезија, Катар,Тајланд, Обединети Арапски Емирати.

Списокот на држави и нивните правила за влез е голем, па затоа доколку сакате да го погледнете целосниот список, можете тоа да го направите со клик Тука.

Промовирани огласи »

Анализа направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја покажува дека четири од десет млади би ја напуштиле државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност смета дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само четири проценти од младите сметаат дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата.

Речиси две третини изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности.

На прашање како ја идентификуваат корупцијата Младинскиот сојуз соопштува дека младите испитаници во најголем процент изјавиле дека тоа претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57 проценти), една третина дека тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7 посто), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3 отсто).

Според анализата, на младите, најмногу им пречи корупцијата во сферите на правосудството (58 проценти), здравството (27 посто) и државната администрација (18 отсто), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7 проценти). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации.

За младите луѓе најважно е лидерите да бидат решителни и праведни (над 50 проценти), понатаму транспарентни (над 15 отсто), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6 проценти).

Според оваа анализа корупцијата претставува еден од најголемите проблеми кој го нотираат младите луѓе, а како дел од решението е целосната посветеност кон градење на транспарентно општество.

Анализата е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во периодот од април до јуни годинава, со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и НЕД.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали кои што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач- производител.

Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали. На овој начин сметаме дека ќе се поттикне голем број на домаќинстават да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали. Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија. Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 киловати ( кW ) и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа - изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »