Сите знаеме дека пред да тргнеме на одмор, најважно е да ги провериме потребните документи за влез во земјата што ќе ја посетиме, но треба да знаете и колку месеци пред да ви истече пасошот можете да влезете во некоја држава.
За земји како Грција и Албанија пасошот треба да ви биде валиден најмалку три месеци, додека во Египет пасошот треба да биде валиден најмалку шест месеци ако сакате да влезете во државата.
Дополнително, во некои држави месеците се бројат од денот кога влегувате во државата, а во некои од денот кога ја напуштате.
Во групата на држави кои бараат пасош со валидност од најмалку 3 месеци спаѓаат: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
За земјите во Шенген зоната, пасошот треба да биде валиден 3 месеци од датумот кога планирате да ја напуштите државата и тука се: Шпанија, Италија, Малта, Грција и Франција.
Во групата на држави кои бараат пасош со валидност од најмалку 6 месеци спаѓаат: Египет, Индонезија, Катар,Тајланд, Обединети Арапски Емирати.
Списокот на држави и нивните правила за влез е голем, па затоа доколку сакате да го погледнете целосниот список, можете тоа да го направите со клик Тука.