На Фејсбук страницата „Технички преглед на возила“ се објавени неколку значајни совети за тоа како да го запрете автомобилот доколку една од гумите ви екс плодира при брзина која надминува 100 километри на час.
1. Прв совет: Кога „пука“ гума, обидете се да бидете што е можно помирни и цврсто држете го воланот со двете раце.
2. Втор совет: Што е најважно, држете го стапалото надвор од сопирачката, не ни помислувајте на тоа да кочите.
3. Совет број три: Останете во вашата сообраќајна лента и обидете се да не менувате лента, останете што е можно поиправени.
4. Четврти совет: Ако вашиот автомобил има рачен менувач, префрлете го постепено на помала брзина, НО САМО ако имате чувство дека автомобилот е целосно во ваша контрола.
Ако вашиот автомобил има автоматски менувач, останете во погонска брзина (D) – НЕ менувајте.
5. Совет пет: Не користете ја рачната сопирачка.
6. Шести совет: Кога брзината опаѓа на 50 километри на час, можете нежно да ги притиснете сопирачките додека автомобилот не застане.