Промовирани огласи »

Шведскиот моден бренд H&M ја отвора својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до -50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000 денари за останатите.

 Многу сме среќни што конечно ја отвораме нашата прва продавница во Скопје, во еден од најголемите трговски центри во целата земја. Ова е одлична можност и возбудлив предизвик да го прошириме нашето физичко присуство на вака стратешки важна локација. Сакаме да продолжиме да инспирираме и да им дадеме можност на вљубениците во модата во Скопје да изгледаат и да се чувствуваат добро преку истражување на нивниот личен стил и правење на повеќе одржливи модни избори, вели Томас Естрани, регионален Менаџер за продажба во H&M.

 Новата продавница на H&M во Скопје се протега на 2.300 м2 и е дизајнирана согласно последните трендови, со цел да понуди модерно и пристапно шопинг искуство. Нејзината разновидна понуда ќе вклучува широка понуда на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и модни додатоци. Продавницата ќе работи од 10:00 часот наутро до 22:00 часот во работните денови и во сабота, додека во недела ќе работи со скратено работно време, до 20:00 часот.

Промовирани огласи »

Кога немилосрдниот работен стрес ве турка во изнемоштена состојба ја нарекуваме психичка прегореност, тоа е сериозен проблем, кој влијае не само на вашите перформанси и благосостојба, туку и на вашиот тим и вашата организација.

Сепак, постојат чекори што можете да ги преземете штом ќе бидете свесни за симптомите и што може да предизвика.

Еве неколку стратегии како да се справите со психичката прегореност:

1.Дајте приоритет на грижата за себе.

Од суштинско значење е да ја надополните вашата физичка и емоционална енергија, заедно со вашиот капацитет да се фокусирате, давајќи им приоритет на добрите навики за спиење, исхраната, вежбањето, социјалната поврзаност и практиките кои промовираат рамномерност и благосостојба, како медитирање, пишување дневник и уживање во природата.

2.Променете ја вашата перспектива.

Додека одморот и релаксацијата можат да ја олеснат исцрпеноста, да го зауздаат цинизмот и да ја подобрат ефикасноста, тие не се справуваат целосно со основните причини за исцрпеност. Назад во канцеларија, сè уште може да се соочите со истиот невозможен обем на работа и неодржливи конфликти. Затоа промената на перспектива е многу важна.

3.Намалете ја изложеноста на работни стресови.

Исто така, ќе треба да се насочите кон активности и врски со висока вредност кои не предизвикуваат стрес. Ова вклучува ресетирање на очекувањата на колегите, клиентите, па дури и на членовите на семејството за тоа што и колку сте спремни да преземете, како и основните правила за заедничка работа.

Со разбирање на симптомите и причините и имплементирање на овие стратегии, можете да закрепнете и да изградите патоказ за превенција. Вашето искуство може да послужи како пресвртница што ве води во поодржлива кариера и посреќен, поздрав живот.

Промовирани огласи »

Винаријата Тиквеш е основана во 1885-та година, која претставува предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот. Стручниот тим на Тиквеш од енолози претставува комбинација на долгогодишно меѓународно и локално искуство и соработува со Филип Камби, еден од најпознатите и најдобрите вински консултанти во светот.

Моментално ги има следниве работни позиции за вработување:

СОРАБОТНИК ЗА ВИНСКИ ПРОМОЦИИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ
СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ПАЗАРИ
СОРАБОТНИК ЗА МАРКЕТИНГ
БРЕНД МЕНАЏЕР

Сите огласи за повеќе информации видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

Се почето сме сведоци на кражби на автомобили на бензинските пумпи, паркинзите па дури и во приватните гаражи. Билтенот секојдневно покажува барем по една кражба, а често грешката за тоа е кај нас самите.

Веројатно нема да ви се верува, но овој е еден од начините на кои во соседството се крадат автомобили, и тоа е еден многу едноставен трик за кој нема да бидете ниту свесни колку може да биде штетен.

На „Јутуб“ пред некоја година се појави  видео на кое се гледа како двајца кратци „оперираат“ во заедничка мисија. Најпрво едниот лепи лист на еден од прозорците додека другиот чека во скриена позиција и ви го краде автомобилот кога ќе излезете од него за да го извадите залепениот лист.

Погледнете го видеото и внимавајте доколку се најдете во слична ситуација:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »