Промовирани огласи »

Гривата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за два денари за литар и ќе чинат 93,5, односно 96 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,5 денари за литар и ќе се продава за 93 денари, а цената на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 91 денари.

Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која и понатаму останува 53,343 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 3,171 отсто, кај дизелот за 3,728, а кај екстра лесното масло во просек за 4,476 отсто, додека кај мазутот има зголемување во просек за околу 1,6 отсто. Курсот на денарот, пак, е за 0,224 отсто понизок од курсот на доларот.

Промовирани огласи »

Zulutv популарна веб-страница која ги обединува сите македонски станици, каде што програмата се емитува во живо.

Моментално 18 македонски ТВ станици се достапни и можете да ги гледате во живо, особено ако вашитот компјутер не поседува ТВ картичка. 

Zulutv ви е одлична алтернатива за ТВ во живо преку вашиот компјутер!

Промовирани огласи »

Еднократна парична помош за новородено дете се обезбедува на семејството за прво новороденче. Новороденото дете се смета дете кое е прво дете по ред на раѓање на мајката. За прво новородено дете  ќе се сметаат и децата кога мајката при првото раѓање ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе). Исто така за прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете, како и кога ќе се посвојат повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото посвојување, на возраст на детето/цата до една година доколку мајката нема прво новородено дете.

Висината на еднократната парична помош за новороденче изнесува 4.829 денари при што износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Еве која документација е потребна:

1. Важечка лична карта од мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката, а доколку подносител на барањето е таткото/старателот се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, а препис на извод од матична книга на умрените доколку мајката е почината и важечка лична карта на таткото/старателот на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво новородено дете;

3. Копија за трансакциска сметка;

4. Препис на извод од матична книга на родени за детето;

5. Важечка лична карта од таткото – таа се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење (во случај кога мајката не е државјанин на Република Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Македонија).

Подносителот на барањето ги приложува доказите утврдени точки 1 и 2 (потврда издадена од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство) и 4 (ако подносител на барањето е таткото/старателот).

Промовирани огласи »

Најновата извршна директорка на Тиндер се збогува од работа по помалку од една година, што ја означува втората жена извршен директор што ја напуштила својата матична компанија Match Group за неколку месеци.

Извршната директорка Рената Ниборг на апликацијата за запознавање и социјализирање Тиндер, најави заминување по помалку од една година работа откако компанијата објави разочарувачки резултати во вториот квартал.

Извршниот директор на Match Group, Бернард Ким во вторникот го објави заминувањето на извршната директорка во кое се наведени неговите набљудувања и ревизии од 62 дена на работа.

„Нашата цел е да ги инспирираме нашите брендови да оптимизираат сè што правиме и да ги изградиме најдобрите тимови внатрешно за да ги испорачаме најдобрите услуги надворешно“ напиша Ким, јасно посочувајќи дека Тиндер потфрлил во извршувањето на нивните услуги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »