Промовирани огласи »

Првиот човек на Инстаграм, Адам Мосери објави дека мрежата наскоро ќе им овозможи на корисниците да објавуваат фотографии во формат 9:16, како дел од серијата тестови што мрежата планира да ги спроведе.

Компанијата Мета, која е сопственик на Инстаграм, пред неколку дена го суспендираше својот конт роверзен дизајн, што требаше да биде одговор на најголемиот конкурент на мрежата – ТикТок.

Кога беше воведен редизајнот, наиде на голем отпор од корисниците, кои ја обвинија мрежата за копирање на ТикТок, а реакцијата беше толку силна што компанијата мораше да се откаже од новиот дизајн некое време.

Сепак, ова очигледно не значи дека мрежата се откажува од високите формати.

За време на своето обраќање на Инстаграм, првиот човек на мрежата го објави новиот формат на фотографии како што рече „за недела или две“.

Така наречените високи фотографии го исполнуваат целиот екран додека корисниците се движат низ ѕидот на корисникот. Вакви фотографии можеа да се објавуваат и претходно, но само на делот сторис.

Неодамнешните промени на Инстаграм се толкуваат како одговор на зголемената популарност на ТикТок – каде што корисниците објавуваат и гледаат многу повеќе видеосодржини отколку фотографии. Поради ова, корисниците поминуваат многу повеќе време на ТикТок отколку на други мрежи.

Според податоците на компанијата за дигитална аналитика „Сензор Тауер“, апликацијата ТикТок е преземена повеќе од три милијарди пати ширум светот и воедно е првата апликација, која не е во сопственост на Мета, а ја достигнува таа бројка.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии Фатмир Бесими нема прецизен одговор дали од 1 јануари на сила ќе стапи одложениот прогресивен данок. Вели дека за тоа ќе се дебатира со релевантните фактори и дека е можно секое решение за кое ќе има претходен договор.

Од 1 јануари ќе следуваат реформи во данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ, акцизите и „зеленото оданочување“ пред се кај повластените оданочувања.

Реформите се прават заради помало задолжување и поквалитетни јавни услуги. Ќе следи јавна расправа и дискусија со аргументи, посочи Бесими пред медиумите.

Владата во ноември 2019 во мирување ја стави најавената примената на прогресивниот данок на личен доход на 36 месеци, односно до 1 јануари 2024. Во мирување беше ставена и стапката од 15 проценти за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Реформите ќе бидат по примерот на развиените земји од ЕУ. Тие не се воведуваат само поради кризата, туку заради одржлив систем во иднина, рече министерот и додаде дека на најавените даночни реформи се работело во последните две години, порача Бесими.

Промовирани огласи »

Wizz Air го финализираше својот распоред за зимската сезона за базата во Скопје, кој започнува на 30 октомври, оваа година и завршува на 25 март, следната година. Унгарскиот нискобуџетен превозник ќе сообраќа на 30 линии од Скопје во текот на сезоната, една помалку од оваа летна сеоза. Релацијата Скопје - Малта е таа што не е спомената во распоредот на зимско-сезоната. Летовите на оваа релација ќе престанат на 29 октомври и се очекува да бидат обновени следната летна сезона. Летовите за Братислава ќе се зголемуваат три пати неделно во текот на зимската сезона.

Од 31-ви октомври, авиокомпанијата ќе ги отстрани трите авиони Ербас А321 со 230 седишта од базата и ќе ги замени со Ербас А321нео со 9 седишта поголем капацитет од А321.

Wizz Air ќе работи со различен распоред во периодот декември - јануари и во него некои линии ќе се зголемат, а на некои ќе го променат денот на летање. 

Промовирани огласи »

Согласно изборната програма на градоначалникот Тимчо Муцунски и заложбата за осовременување на образовниот процес, секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во Општина Аеродром, во новата учебна година ќе добие бесплатен таблет.

Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес.Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »