Промовирани огласи »

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.

Промовирани огласи »

Американскиот специјализиран воен сајт Global Firepower објави ранг листа на воено најмоќните земји во светот. На врвот на листата се САД, Русија, Кина и Индија. Меѓу земјите од регионот најдобро е рангирана Србија..

Според годишниот извештај на оваа веб-страница, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил се меѓу првите 10 воено најсилни земји во светот.

Турција и Иран се позиционирани на 13-то и 14-то место, соодветно.

Сајтот наведува дека Србија на 61. место има најголема воена сила во регионот и тенденција да ја зголеми својата воена моќ.

Веднаш зад Србија е Хрватска, која е на 62. место, Словенија е на 86. место, додека Босна и Херцеговина е на 123. Црна Гора е девет места зад Босна и Херцеговина, додека Северна Македонија е на 135. На листата е и Косово. кој е на 140 место од вкупно 142 земји.

Последна е Исланд, кој е познат како најмирната земја.

Промовирани огласи »

Првиот човек на Инстаграм, Адам Мосери објави дека мрежата наскоро ќе им овозможи на корисниците да објавуваат фотографии во формат 9:16, како дел од серијата тестови што мрежата планира да ги спроведе.

Компанијата Мета, која е сопственик на Инстаграм, пред неколку дена го суспендираше својот конт роверзен дизајн, што требаше да биде одговор на најголемиот конкурент на мрежата – ТикТок.

Кога беше воведен редизајнот, наиде на голем отпор од корисниците, кои ја обвинија мрежата за копирање на ТикТок, а реакцијата беше толку силна што компанијата мораше да се откаже од новиот дизајн некое време.

Сепак, ова очигледно не значи дека мрежата се откажува од високите формати.

За време на своето обраќање на Инстаграм, првиот човек на мрежата го објави новиот формат на фотографии како што рече „за недела или две“.

Така наречените високи фотографии го исполнуваат целиот екран додека корисниците се движат низ ѕидот на корисникот. Вакви фотографии можеа да се објавуваат и претходно, но само на делот сторис.

Неодамнешните промени на Инстаграм се толкуваат како одговор на зголемената популарност на ТикТок – каде што корисниците објавуваат и гледаат многу повеќе видеосодржини отколку фотографии. Поради ова, корисниците поминуваат многу повеќе време на ТикТок отколку на други мрежи.

Според податоците на компанијата за дигитална аналитика „Сензор Тауер“, апликацијата ТикТок е преземена повеќе од три милијарди пати ширум светот и воедно е првата апликација, која не е во сопственост на Мета, а ја достигнува таа бројка.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии Фатмир Бесими нема прецизен одговор дали од 1 јануари на сила ќе стапи одложениот прогресивен данок. Вели дека за тоа ќе се дебатира со релевантните фактори и дека е можно секое решение за кое ќе има претходен договор.

Од 1 јануари ќе следуваат реформи во данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ, акцизите и „зеленото оданочување“ пред се кај повластените оданочувања.

Реформите се прават заради помало задолжување и поквалитетни јавни услуги. Ќе следи јавна расправа и дискусија со аргументи, посочи Бесими пред медиумите.

Владата во ноември 2019 во мирување ја стави најавената примената на прогресивниот данок на личен доход на 36 месеци, односно до 1 јануари 2024. Во мирување беше ставена и стапката од 15 проценти за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Реформите ќе бидат по примерот на развиените земји од ЕУ. Тие не се воведуваат само поради кризата, туку заради одржлив систем во иднина, рече министерот и додаде дека на најавените даночни реформи се работело во последните две години, порача Бесими.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »