Промовирани огласи »

Синдикатот ја потврди информацијата на Фактор за вредноста на потрошувачката кошница, која во јули е над 47 илјади денари. 

Во нивното соопштение доп медиумите се наведува дека со минималната и со просечната плата на може да се покрие минималната синдикална кошница. 

Вредноста на Синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за месец јули изнесува 47.042 денари, и неа не можат да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени, кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата.

Истовремено имајќи предвид дека инфлацијата од 16 отсто ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, се вели во соопштението од Синдикатот. 

Натаму, како што доддаваат од ССМ, „аларматно е тоа што погрешните владини мерки и политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, повторно ја вратија вредноста на истата на нивото пред март 2022 година односно со една минимална плата работниците да можат да си дозволат само леб и вода ( исхрана и пијалоци) согласно Синдикалната минимална кошница кои како трошок за месец јули 2022 година изнесувал 17.842,91 денари“. 

Владата во март под притисок на ССМ направи еден чекор напред кон подобрување на стандардот на најзагрозената категорија на работници, а во јули по сопствено убедување и неприфаќање на предлозите на ССМ, направи пет чекори назад кон загрозување на егзистенцијата на работниците со најниски примања.

Доколку Владата ги прифатеше барањата на работниците и ССМ за усогласување на платите согласно порастот на минималната плата за 2.806 денари уште во мај, денеска ќе беше амортизирана инфлацијата која ги обезвреднува платите, но за жал поради лошите политики на Министерството за финансии и министерот Бесими, а против кои се работниците, а веќе против се и работодавачите и експертската јавност, тој ги остава на работ на егзистенцијата работниците, бизнисите и граѓаните на Македонија.

На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 отсто до септември согласно Законот, а во спротивно, како што ги казнува владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите, се вели во жестокото соопштение од Синдикатите.

Промовирани огласи »

Пред да се фокусирате на зголемување на профитот, мора да знаете од каде почнувате. Тоа значи дека треба да ги знаете сите ваши трошоци, не пресметувајте само општи трошоци. Исто така, треба да знаете колку вашите редовни активности вредат за вашиот бизнис

1. Не трошете премногу време на активности со мала вредност

Откако ќе дознаете колку вреди вашето време, можете да фокусирате повеќе од вашето време на работите што всушност носат резултати за вашиот бизнис. Тоа значи отсекување на работите што не додаваат многу на вредноста.

2. Автоматизирајте каде што е можно

Бидејќи некои од секојдневните активности што сакате да ги прекинете се суштински функции, треба да најдете начини да ги постигнете без да потрошите многу време на нив. Тука влегуваат во игра софтверот за автоматизација и онлајн решенијата.

3. Редуцирајте го користењето на хартија

Исто така, добра идеја е да се елиминира отпадот каде што е можно во смисла на трошоци и време. Користењето хартија во вашите системи и процеси може да биде крајно неефикасно, бидејќи може да се изгуби многу време и да биде поскапо од користењето онлајн алатки или автоматизација.

4. Редовно анализирајте ги вашите финансии

Откако ќе имате воспоставено системи за следење на работите како што се времето, трошоците и заработката, треба редовно да внимавате на тие работи. Анализирањето на какви било промени може да ви помогне да одредите што работи за вашиот бизнис, а што не.

5. Направете го купувањето колку што е можно полесно

Друга потенцијална пречка е тежок процес на купување. Ако клиентите мора да прескокнат низ 10 различни обрачи за да го завршат купувањето, поверојатно е дека наместо тоа ќе одат со конкурент.

Добивање многу точен приказ на она што се нарекува „економија на единицата“ - како изгледа целиот синџир на приходи и трошоци на микро ниво (на пр.: колку чини една минута време на возење, приносот на приходот на одредено парче машина, итн.) - е од суштинско значење за поддршка на бизнисот. Клучно е да добиете јасна, точна и видливост во реално време за економијата на вашата единица, за да може вашиот бизнис непречено да расте.

Промовирани огласи »

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.

Промовирани огласи »

Американскиот специјализиран воен сајт Global Firepower објави ранг листа на воено најмоќните земји во светот. На врвот на листата се САД, Русија, Кина и Индија. Меѓу земјите од регионот најдобро е рангирана Србија..

Според годишниот извештај на оваа веб-страница, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил се меѓу првите 10 воено најсилни земји во светот.

Турција и Иран се позиционирани на 13-то и 14-то место, соодветно.

Сајтот наведува дека Србија на 61. место има најголема воена сила во регионот и тенденција да ја зголеми својата воена моќ.

Веднаш зад Србија е Хрватска, која е на 62. место, Словенија е на 86. место, додека Босна и Херцеговина е на 123. Црна Гора е девет места зад Босна и Херцеговина, додека Северна Македонија е на 135. На листата е и Косово. кој е на 140 место од вкупно 142 земји.

Последна е Исланд, кој е познат како најмирната земја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »