Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација.

Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Велика Британија – 2 914.

Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници. 

Промовирани огласи »

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери.

Како што пишува српски „Курир“, околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“.

Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Северна Македонија и во Албанија.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд.

Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ, за Курир изјавил дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Северна Македонија и Албанија.

-Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки – рече Јовановиќ.

Промовирани огласи »

Прилагодената верзија на апликацијата „Мој ДДВ“ од денеска е достапна и на Гугл Плејстор, информира Управата за јавни приходи.

Корисниците на апликацијата, треба прво на направат ажурирање на МојДДВ на Плејстор, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат опција „напреден“. 

Од УЈП потсетуваат и дека во тек е исплатата на дел од ДДВ за второто тримесечје од годината, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил.

Промовирани огласи »

Услугата за електронско плаќање на сметки, понудена од ЕВН Онлајн го олеснува организирањето на вашите сметки и нивното плаќање кога ќе дојде време да се платат. Електронското плаќање на сметките може да заштеди време и да ви помогне да избегнете од доцнењето. Повеќе не ви е потребно да одите до салоните на ЕВН за да платите сметка, кога тоа може да го сторите онлајн. Едноставно платете ја вашата фактура дури и без најава на евн онлајн, туку само со внесување на бројот на корисник и вашата фактура која сакате да ја платите.

Голем е бројот на потрошувачи денес кои мигрираат од традиционалното плаќање на нивните сметки во онлајн електронското плаќање на нивните сметки додека се тие дома, на работа или на некое друго место. На овој начин тие ги одбегнуваат големите редици и гужви во банките, поштите и другите институции.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »