Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34%, односно бензините поевтинуваат за два денари, а цените на дизелот и мазутот остануваат исти.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 2 денари и ќе чини 85,5 денари/литар.

Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 90 денари/литар, а  Мазутот М-1 НС по 52,786 денари/килограм.

Промовирани огласи »

Просечна инфлација во периодот јануари – јули годинава изнесува 10,9 отсто, за што најголем удел од три четвртини, имаат растечките цени на храната и енергијата.

Од Народната банка објаснуваат дека динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоците брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики.

Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна. Исто така, најновите податоци и очекувања на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на 2022 година, а потоа и нивно намалување. Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во јули годинава во однос на јули лани се зголемени за 16 отсто, а цените на мало бележат раст од 14 проценти.

Во однос на јуни годинава, пак, трошоците на живот пораснале за 1,9, а цените на мало за 2,5 отсто.

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација.

Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Велика Британија – 2 914.

Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници. 

Промовирани огласи »

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери.

Како што пишува српски „Курир“, околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“.

Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Северна Македонија и во Албанија.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд.

Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ, за Курир изјавил дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Северна Македонија и Албанија.

-Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки – рече Јовановиќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »