Промовирани огласи »

Во соседна Албанија ќе се отворат 12.000 работни места. За 2 милијарди долари, Албанија во Драч прави „втор Дубаи“. Инвеститорот Мухамед Ел Алабар вели дека ќе направат нешто толку добро, така што луѓето нема да сакаат да си заминат од Драч и од Албанија. 

Потпишан е меморандум за соработка меѓу двете компании кои ќе со реализираат проектот „Durrës Yachts & Marina“, инвестиција вредна 2 милијарди долари.

Премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека марината во Драч ќе го отвори патот за целото албанско крајбрежје, а не само за Драч и оти со реализација на проектот „Драч ќе биде близнак на Дубаи“. Додаде дека со овој историски договор за изградба на најголемото медитеранско туристичко пристаниште, постигнат по тригодишни разговори, албанската држава ќе биде акционер. 

foto freepik.com/svstrelkov

Промовирани огласи »

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација. 

Димовски денеска во вестите на Сител изјави дека многу работници преку иницијативата „Отворен Балкан“ ги спремиле куферите за да си заминат од земјава.

Според него, ССМ повеќе не бара зголемување од 2.806 денари за сите како солидарно решение.

Покачувањето сега мора да биде 18,4 отсто. Гледаме лебот се покачи, цените се високи… Како ќе преживееме ние? Ќе чекаме Владата да направи нова методологија? Ние ќе се радикализираме, а граѓаните, пензионерите, младината нека го сфати ова сериозно, изјави Димовски во вестите на Тв Сител.

Тој вели дека мора да се побунат за она што законски им следува. 
Над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Ова ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. 

Промовирани огласи »

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло по целосен преглед на состојбата на залихите, како и рекордните површини посев на сончогледот. Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно ќе преземаат соодветни мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Владата, приоритет ќе биде прво да се задоволат сите потреби на населението. Владата во претходниот период ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

На владината седница беше донесена и Одлука за времено намалување на висината на акцизата на одредени нафтени деривати за 10 отсто. Владата ја донесе оваа одлука имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар, која негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните, како и зачувување на економската стабилност.

Како што соопштија од Владата, на денешната седница беше донесена изменета одлука за привремена забрана за извоз на еуро дизел ЕН 590, со што забраната се продолжува за уште седум дена.

Денес, во 11:00 часот завршија разговорите меѓу премиерката Ана Брнабиќ и министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ со претставници на земјоделците кои протестираа изминатите денови во Нови Сад.

Претставникот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Радослав Адамовиќ, рече дека им било ветено дека денеска ќе добијат одговори и на другите барања, по што земјоделците ќе одлучат дали ќе ги прекинат протестите или ќе продолжат и ќе ги радикализираат.

Одлуката на Владата за укинување на забраната на извоз на сончогледово масло и другите одлуки уследија по разговорите со преставниците на земјоделците.

Промовирани огласи »

CNN објави листа на 15 најубави градови во Европа, oд кои дури 3 се од регионот. Тука се рангирани градови од БиХ, Хрватска и Словенија. 

На листата на CNN пред Мостар се градовите Гитхорн (Холандија), Гимараес (Португалија), Роскоф (Франција), Ангиари (Италија) и Нафплио (Грција).

Зад Мостар се Мацара дел Вало (Сицилија), Кловели (Велика Британија), Динкелсбул (Германија), Кенмер (Ирска), Рејне (Норвешка), Регенкос (Шпанија) и Тарнов (Полска).

Она што е интересно е што на листата се најдоа уште два града од регионот, а тоа се Корчула во Хрватска и Пиран во Словенија.

foto Wikipedia/Richard Huber

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »