Промовирани огласи »

NORNA AB е Шведска компанија за вештачка интелигенција со талентиран тим од 30 луѓе, потпирајќи се на искуството од HP, Ericsson, Aifloo и Tobii. Тие се посветен тим во областа на програмерството и вештачката интелигенција.

Во моментот ВРАБОТУВААТ:

DATA COLLECTION SPECIALISTS

SENIOR DATA COLLECTION SPECIALIST

TESTING/SYSTEM OPERATIONS ENGINEER

DEVOPS ENGINEER

FRONT-END Developer

BACK-END DEVELOPER

Сите активни огласи од NORNA AB видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, за санкционирање на возила за брзо возење, биле санкционирани 801 возач.

Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. 

Промовирани огласи »

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата.

Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink.

Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог.

Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони, напиша милијардерот.

Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.

Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Промовирани огласи »

Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто.

Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто).

Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти.

Сепак, иако лебот во Македонија не е поскапен најмногу, во моментов, тој е најскап во регионот. Неговата цена е 0,81 евро или 50 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »