Промовирани огласи »

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ - подружница КШМК-Ил Илинден со интерактивна работилница во повеќе општини во наредниот период. 
Сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со работата на компанијата која веќе 10 години е најголемиот работодавач во Македонија и регионот.

Оние кои сакаат може одблиску да се придружат на нивната работилница, да видат каков е принципот на работа и да добијат информации за компанијата и отворените работни позиции. 

КроШу караванот во наредните денови во посета на следните општини:

16.08.2022 Вторник од 10:00 до 13:30 часот – Оштина Куманово (Плоштад „Нова Југославија“)

17.08.2022 Среда од 10:00 до 13:30 часот – Општина Велес (Плоштад кај Основен суд)

18.08.2022 Четврток од 10:00 до 13:30 часот – Населба Маџари
18.08.2022 Четврток од 17:00 до 19:30 часот – Населба Хоподром

Ве очекуваме!

Промовирани огласи »

NORNA AB е Шведска компанија за вештачка интелигенција со талентиран тим од 30 луѓе, потпирајќи се на искуството од HP, Ericsson, Aifloo и Tobii. Тие се посветен тим во областа на програмерството и вештачката интелигенција.

Во моментот ВРАБОТУВААТ:

DATA COLLECTION SPECIALISTS

SENIOR DATA COLLECTION SPECIALIST

TESTING/SYSTEM OPERATIONS ENGINEER

DEVOPS ENGINEER

FRONT-END Developer

BACK-END DEVELOPER

Сите активни огласи од NORNA AB видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, за санкционирање на возила за брзо возење, биле санкционирани 801 возач.

Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. 

Промовирани огласи »

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата.

Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink.

Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог.

Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони, напиша милијардерот.

Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.

Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »