Постојат докази во невронауката дека само принудувајќи се да се смеете може да генерира некои од овие ефекти, но тогаш тие се многу помалку изразени отколку ако тоа е вистински иницирано.
Врската помеѓу среќата и продуктивноста постои веќе некое време, но дури неодамна е откриено дека „луѓето кои се среќни, работат понапорно“.
За работните места каде што луѓето работат во тим, смеата е многу добар начин за зајакнување на врските помеѓу тимот и во исто време, намалување на стресот.
Важна точка што треба да се истакне е дека еден од знаците на хроничен стрес е губењето на смислата за хумор и може да ја украде таа смисла за хумор и да ви ја одземе способноста да ја видите смешната страна на животот.
Дејстувајќи позитивно на вашиот ум и тело, смеата помага да се ослободите од стресот и анкциозноста кои се непријател број еден кога се работи за креативност. Имено, тие ве блокираат и не дозволуваат да се поместите ментално, а понекогаш дури и физички. Смеата ја прекинува оваа блокада така да можете да почнете да размислувате побрзо. Кога успевате да најдете извор на смеа на момент, поспособни сте да предлагате иновативни решенија без страв од критика.
Затоа, смејте се повеќе!