Кога станува збор за, многумина омилениот напиток - кафето, американскиот гигант Старбакс важи за еден од најпопуларните брендови.
Но, се чини дека меѓучовечките односи во внатрешноста на компанијата значително го нарушуваат угледот.
На ТикТок профилот „Starbucks Workers United“, кој го води организацијата која им помага на работниците на Старбакс ширум САД, се појави снимка која ја открива лошата страна на овој бренд, но и покажува неверојатно единство помеѓу колегите.
Објавата која е прегледана над 26 милиони пати покажува како вработените колективно го напуштиле споменатиот објект бидејќи нивниот колега Сем Амато бил неправедно отпуштен по 13 години работа.
Кога целиот објект излегува откако раководството неправедно го отпушта вашиот колега затоа што е синдикален лидер, стои во описот на објавата под која следеа бројни коментари.
Меѓу другото, луѓето му изразиле поддршка на Сем, но и го пофалиле овој неверојатен потег.
Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е тешко ова да се направи - вие сте храбри и заслужувате свој синдикат, беше еден од коментарите.
Фановите на овој бренд признаа и дека тоа „ги натерало да размислат дали и понатаму ќе им биде омилен“, додека некои од претходните вработени во Старбакс се потсетиле на нивното искуство.