Промовирани огласи »

Кога станува збор за, многумина омилениот напиток - кафето, американскиот гигант Старбакс важи за еден од најпопуларните брендови.

Но, се чини дека меѓучовечките односи во внатрешноста на компанијата значително го нарушуваат угледот.

На ТикТок профилот „Starbucks Workers United“, кој го води организацијата која им помага на работниците на Старбакс ширум САД, се појави снимка која ја открива лошата страна на овој бренд, но и покажува неверојатно единство помеѓу колегите.

Објавата која е прегледана над 26 милиони пати покажува како вработените колективно го напуштиле споменатиот објект бидејќи нивниот колега Сем Амато бил неправедно отпуштен по 13 години работа.

Кога целиот објект излегува откако раководството неправедно го отпушта вашиот колега затоа што е синдикален лидер, стои во описот на објавата под која следеа бројни коментари.

Меѓу другото, луѓето му изразиле поддршка на Сем, но и го пофалиле овој неверојатен потег.

Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е тешко ова да се направи - вие сте храбри и заслужувате свој синдикат, беше еден од коментарите.

Фановите на овој бренд признаа и дека тоа „ги натерало да размислат дали и понатаму ќе им биде омилен“, додека некои од претходните вработени во Старбакс се потсетиле на нивното искуство.

Промовирани огласи »

Се огласи Министерстворто за труд и социјала во врска со гарантираната минимална помош. 

Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата.

Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП.  Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.

Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.

Ваквите одлуки за постапување се донесени согласно Закон и за истите јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 05.08.2022 година, се вели во соопштението од Министерството.

Промовирани огласи »

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора.

Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат.

Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.

Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6.995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.

Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.

Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност.

Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората.

На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.

Во нивен интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.

На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата.

Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

  

Промовирани огласи »

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра. Тоа е практично струја што се краде на разни начини, а ние ја плаќаме преку сметките.

Операторот на електродистрибутивниот систем - ЕВН Електродистрибуција, согласно своите обврски, заради покривање на загубите, во 2021 од трговци и снабдувачи набавил 916.381,6 мегавати по просечна цена од 6.607 денари, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. 

Во однос на една година претходно, зголемено е количеството на загуби за речиси 59.000 мегавати, а згора на тоа, просечната цена за покривање во 2020 била речиси двојно поевтина - 3.330 денари. Тогаш сме платиле 47 милиони евра за загуби, а само една година подоцна повеќе од двојно.

Анализата покажува дека три години по ред процентот на загубите на електрична енергија во мрежата, кои се должат на кражби на струја и неовластено користење, не може да се намали под 13,4 отсто иако редовно се прават планови како оваа појава да се редуцира.

Неовластеното користење на електрична енергија се случува поради различни причини, а истото важи и за загубите. Како најголеми причинители може да се набројат: копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, велат од ЕВН Електродистрибуција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »