Бренд промотори за ТВ, аудио и видео техника – Скопје

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

ПОЗИЦИЈА: БРЕНД ПРОМОТОРИ ЗА ТВ, АУДИО И ВИДЕО ТЕХНИКА

Локација: Скопје

 

Нептун Македонија е во потрага по квалификуван, мотивиран, харизматичен, вреден и амбициозен Бренд промотор, кој ќе работи на креирање и имплементација на маркетинг програми, за поддршка на растот и експанзијата на производите и услугите на компанијата. Во тесна соработка со продукт-менаџмент тимот и во директна комуникација со вендорите, ќе предложува, планира и имплементира маркетинг иницијативи.

Опис на работното место:

  • Промовирање на познат бренд во изложбените салони на Нептун Македонија
  • Презентација на производите од ТВ, аудио и видео техниката, откривање на потребите на клиентите, објаснување на карактеристиките и бенефитите на производите
  • Зголемување на продажбата на конкретен бренд
  • Работно време 40 часа неделно, 5 дена во неделата
  • Грижа за изложените производи и уредноста на сталажата
  • Кандидатите ќе добијат обуки од врвни производители на техника
  • Ангажманот е во траење од неколку месеци, со можност за продолжување

Квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Високо ниво на комуникациски вештини
  • Претходно искуство во продажба и техничко искуство од областа на аудио и видео производите е пожелно, но не и задолжително


Краен рок за аплицирање: 28.08.2022.

ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »