Промовирани огласи »

Националната Федерација на агенции за вработување со реакција за последните случувања со измамените студенти. Соопштението го објавуваме во целост, интегрално:

Во врска со последните случувања со одредени агенции за посредување при вработување за кои постојат информации за измама на кандидати за вработување во странство, сакам на целата јавност да и упатиме јасен апел да бидат претпазливи кога носат одлука за заминување на работа во странство.

Имено, според член 22, став 1 точка 4 од Законот за работни односи, и според Меѓународната Конвенција 181 за Приватните агенции за вработување, што Република Македонија ја има ратификувано, агенциите не смеат да наплаќаат никакви трошоци од кандидатите за вработување. Сите трошоци за вработување на лицата треба да се наплатат од компанијата/клиентот кадешто ќе се вработат лицата.  

Според тоа, апелираме до сите заинтересирани кандидати, да не прифаќаат плаќање на било какви провизии и трошоци, пред или по заминување на работа во странство.  

Националната Федерација на Агенции за вработување (НФАПВ) се залага за заштита на правата на работниците на прв план и ќе продолжи во таа насока да соработува и со надлежните инситуции да се подобри законската регулатива и истата да се почитува од сите лиценцирани агенции.

НФАПВ е тело кое има за цел да ги претставува агенциите, да лобира за подобрување на законската основа, да соработува со домашните и меѓународните институции, како и да јакне капацитетите на своите членови за развивање на пазарот на вработување, изјавува претседателот на НФАПВ - Норик Селими.  

Членови на НФАПВ:

АПВ Мотиви / АПВ Партнер / АПВ Вработување Лизинг / АПВ Спид / АПВ Арбеит-Декра / АПВ Контакт Бизнис / АПР ЕСИ / АПВ Анторис / АПВ Реалност / АПВ ЕСЦ / АПВ Зета / АПВ Младинец 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk воведе нова услуга за компаниите за експресно промовирање на огласите за вработување. Отсега компаниите кои немаат годишни пакети, а повремено им е потребно да објават оглас за отворени работни позиции, ќе имаат можност да го промовираат огласот со он-лајн плаќање.

По внесувањето на огласот, за да се зголеми видливоста на огласот и бројот на апликантите, огласот може да се промовира на повеќе начини: да трае подолго, да биде споделен и промовиран на фејсбук, да биде испратен во newsletter, да биде прикажан на почетната позиција на сајтот со лого на компанијата и сл. Сите овие услуги веднаш може да се платат со картичка.

Промовирани огласи »

Galaxy S8 беше критичен уред за Samsung поради својот изглед и спецификации, но, за среќа, со голема популарност. Пролемот е што таа популарност многу брзо почна да опаѓа...

Изгледа дека продажбата на S8 опаѓа побрзо од очекуваното. Во последниов месец, биле продадени само 9.8 милиони единици, додека од минатогодишниот S7 биле продадени 12 милиони за истиот период. 

Токму поради тоа, стратегијата на компанијата е да го претстави Note 8 порано од очекуваното, односно на почетокот од септември. Овие информации доаѓаат од твитерџијата Evan Blass, кој прво сметаше дека продажбата на уредот ќе започне при крајот на септември, ако не и подоцна.

Другата причина за поранетото претставување, е поочигледна. Сигурно сте запознаени со толку зборуваниот iPhone 8. чие најававување е закажано за септември, па токму поради тоа, Samsung мора да ја припреми неговата конкуренција.

Промовирани огласи »

Фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија се солидаризира со навивачите од странство кои не можат да најдат сместување во Скопје или пак, нивните хотелски резервации биле изненадно откажани. 

Поради тоа што живееме во прилично мизерно општество кое сака да заработи брзи и лесни пари соочени сме со голем проблем кој ги засега сите странски фанови на Манчестер Јунајтед кои сакаат да допатуваат за Супер Купот.

Се работи за тотално неоправдано откажување на резервациите за сместување, уредно направени во нашите хотели, хостели и слични угостителски објекти (тука спаѓаат и приватните изнајмители на сместувања) со само една цел, да останат собите слободни и да бидат потоа понудени со ДАЛЕКУ ПОВИСОКА цена.

Еден куп навивачи од Англија останаа без сместување откако им беше откажан од страна на самите хотели или приватни изнајмувачи. Голема група на навивачи од Словенија ја имаат истата судбина каде резервации направени пред подолг период, пред некој ден без објаснување им се откажани.

Во двата сличаи, собите од веќе наредниот ден се "продаваат" по 10-20 пати повисоки цени.

Дел од нив веќе се снајдоа и ќе спијат во Софија, дел во Белград, дел во Грција, а ќе дојдат само за натпреварот. Во градов не им се стапнува повеќе, се вели во објавата на фан клубот на Манчестер Јунајтед од Македонија.

Повикот на навивачите веќе вроди со плод па така голем број на луѓе се понудија бесплатно да сместат странски гости во своите домови за да им овозможат на навивачите на Манчестер да го проследат Супер купот во Скопје против Реал Мадрид.

Инаку цените на хотелското сместување во Скопје за деновите во август кога се игра фудбалскиот спектакл се неколкукратно повисоки во однос на вообичаеното.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »