Промовирани огласи »

Автомобилската компанија „Ауди“ и официјално го најави своето пристигнување во Формула 1. Денеска за време на стартните прес-конференции пред викенд возбудувањата на трката за ГН на Белгија, големата автомобилска компанија и Формула 1 ја потврдија заедничката соработка.

Според најавите, Ауди нема само да произведува свои мотори, туку и ќе стане главен сопственик на Формула 1 тимот на Заубер, кој сега работи под брендот Алфа Ромео. Ауди треба да добие 75% од акциите во тимот.

Што се однесува до другата марка на концернот Фолксваген, Порше, нивната најава за приклучување кон Формула 1 како партнери на Ред Бул се очекува нешто подоцна.

Промовирани огласи »

Македонија и Албанија се двете главни дестинации на принудно враќање од Германија во првата половина на 2022 година.

Во првата половина на 2022 година, германските власти протераа околу 6.200 странци од Германија. Ова го соопшти германската влада во писмен одговор на прашањето на пратеничката група на опозициската партија Левица.

Од одговорот, чиј примерок има и Дојче веле, главни дестинации биле Северна Македонија со над 450 депортирани и Албанија (над 400), а потоа следи Грузија (околу 400). Додека во Косово, Германија принудно вратила 130 поранешни баратели на азил.

Во 2020 година, Албанија беше главната дестинација на принудните враќања од Германија.

Според одговорот на сојузната влада на прашањето на партијата Левица, во првата половина на 2022 година од Германија на други дестинации биле екстрадирани околу 35 лица со 11 авиони „мини чартер“.

Вкупно 167 полицајци биле дежурни за обезбедување при екстрадицијата. Само за „летечки уреди“, како што се нарекуваат авионите во предметниот документ, германската држава во текот на првата половина од годинава платила 580.000 евра.

Во 2019 година, пред почетокот на пандемијата на корона, властите користеа 21 таков „мини чартер“ лет со максимум четири депортирани по лет. Вкупно 48 лица биле принудно вратени од Германија во 2019 година, а според Сојузното МВР трошоците за летот биле околу 1,35 милиони евра.

Во 2020 година, Германија искористила 14 чартер летови за да депортира вкупно 39 странци. Во некои случаи, трошоците за овие летови достигнуваа и над 100.000 евра за едно или две лица. Дополнително, имало 1.826 враќања на баратели на азил во земјите на ЕУ, во согласност со Даблинската регулатива.

Најновиот проект што федералната влада планира да го изгради до новиот аеродром во Берлин Бранденбург е голем центар за влез-излез во Германија. Од таму ќе се одвива и организацијата на иселувањето. Таму ќе бидат сместени одбиените баратели на азил додека не се даде првата можност за депортација од Германија. Според истрагата на јавниот телевизиски канал, РББ, само киријата ќе ја чини државата 760 илјади евра месечно.

Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС – 95 че чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 91,50 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на вчерашната одлука. 

Промовирани огласи »

Нови камери кои мерат просечна брзина се поставени на автопатот кон Белград. Камерите ја бележат просечната брзина од точка А до точка Б и доколку е повисока казната ви стигнува директно на домашна адреса.

Доколку сте странски државјанин не можете да ја напуштите земјата на граничниот премин, односно таму ќе ја платите истата. Еве ги цените изразени во динари.

До 10 километри на час – 3.000 динари (1.500 доколку платите за осум дена), од 11 до 20 км/ч – 5.000 (2.500 за осум дена), од 21 до 40 км/ч – 10.000 (5.000 за осум дена), од 41 до 60 км/ч – 10. 000 до 20.000, три казнени поени и одемање на возачката дозвола барем 30 дена, од 61 до 80 км/ч – 20.000 до 40. 000 (или до 30 дена казна затвор), шест казнени поени и забрана за управување на возило барем три месеци, од 81 до 100 км/ч – 100.000 до 120. 000 (или 15 дена затвор), 14 казени поени и забрана за управување на возило барем до осум месеци, над 100 км/ч – 120.000 до 160.000, 30-60 дена затвор или 240-360 часови добротворна работа, 15 казнени поени и забрана за користење возило барем 9 месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »