Промовирани огласи »

Kолку километри можете да поминете откако ќе се запали светлото за гориво? Ова е важна информација посебно за балканските возачи, па британскиот портал Compare The Market се обиде да ги најде одговорите.

Според анализата на британскиот портал, VW Passat е апсолутен победник со најмалку 120,73 километри во резерва.

Зад него се Volvo V40 (113,6) и Ford Mondeo (112,68), додека BMW Серија 5 е на четвртата позиција со 109,96 километри.

Следат Toyota Prius (107,2), Mercedes E-Class (103), Audi Q5 (102,7), Range Rover Sport (102), Mazda 6 (101,3), Audi A6 (99,8).

Најкраток опсег
Најмалку издржува и BMW M3 со 51,48 километри, а потоа Kia Picanto (51,72) и Fiat 500 (59,77).

Популарни автомобили вклучуваат Ford Fiesta (66,09), Nissan Juke (65,7), Citroen C1 (62,4) и Mini Cooper (60,4).Да ги споменеме и моделите Škoda Octavia (95,5), Fabia (80), VW Golf (91,65), Polo (74,25), Tiguan (90,46), Renault Clio (83,55), Dacia Duster (80 ), Sandero (93,55), Peugeot 208 (96,47), Опел Астра (82,5), Корса (69,18), Хјундаи и30 (84,67), Сузуки Витара (78,06).

Промовирани огласи »

Автомобилската компанија „Ауди“ и официјално го најави своето пристигнување во Формула 1. Денеска за време на стартните прес-конференции пред викенд возбудувањата на трката за ГН на Белгија, големата автомобилска компанија и Формула 1 ја потврдија заедничката соработка.

Според најавите, Ауди нема само да произведува свои мотори, туку и ќе стане главен сопственик на Формула 1 тимот на Заубер, кој сега работи под брендот Алфа Ромео. Ауди треба да добие 75% од акциите во тимот.

Што се однесува до другата марка на концернот Фолксваген, Порше, нивната најава за приклучување кон Формула 1 како партнери на Ред Бул се очекува нешто подоцна.

Промовирани огласи »

Македонија и Албанија се двете главни дестинации на принудно враќање од Германија во првата половина на 2022 година.

Во првата половина на 2022 година, германските власти протераа околу 6.200 странци од Германија. Ова го соопшти германската влада во писмен одговор на прашањето на пратеничката група на опозициската партија Левица.

Од одговорот, чиј примерок има и Дојче веле, главни дестинации биле Северна Македонија со над 450 депортирани и Албанија (над 400), а потоа следи Грузија (околу 400). Додека во Косово, Германија принудно вратила 130 поранешни баратели на азил.

Во 2020 година, Албанија беше главната дестинација на принудните враќања од Германија.

Според одговорот на сојузната влада на прашањето на партијата Левица, во првата половина на 2022 година од Германија на други дестинации биле екстрадирани околу 35 лица со 11 авиони „мини чартер“.

Вкупно 167 полицајци биле дежурни за обезбедување при екстрадицијата. Само за „летечки уреди“, како што се нарекуваат авионите во предметниот документ, германската држава во текот на првата половина од годинава платила 580.000 евра.

Во 2019 година, пред почетокот на пандемијата на корона, властите користеа 21 таков „мини чартер“ лет со максимум четири депортирани по лет. Вкупно 48 лица биле принудно вратени од Германија во 2019 година, а според Сојузното МВР трошоците за летот биле околу 1,35 милиони евра.

Во 2020 година, Германија искористила 14 чартер летови за да депортира вкупно 39 странци. Во некои случаи, трошоците за овие летови достигнуваа и над 100.000 евра за едно или две лица. Дополнително, имало 1.826 враќања на баратели на азил во земјите на ЕУ, во согласност со Даблинската регулатива.

Најновиот проект што федералната влада планира да го изгради до новиот аеродром во Берлин Бранденбург е голем центар за влез-излез во Германија. Од таму ќе се одвива и организацијата на иселувањето. Таму ќе бидат сместени одбиените баратели на азил додека не се даде првата можност за депортација од Германија. Според истрагата на јавниот телевизиски канал, РББ, само киријата ќе ја чини државата 760 илјади евра месечно.

Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС – 95 че чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 91,50 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на вчерашната одлука. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »