Промовирани огласи »

Прашањето дали треба да ги инвестираме своите средства е без сомнение најпоставувано бидејќи, инвестираме во компании, акции, депозити, недвижности, пензиски фондови, и слично. Вистинското прашање на кое треба да му најдеме одговор е како најдобро да ги инвестираме своите средства.

Велат дека најмногу ризикува оној што воопшто не ризикува. Зaтоа на инвестирањето на пазарот на капитал гледаме како на одлична можност, првенствено за зачувување, а подоцна и за оплодување на стекнатиот капитал.

Од друга страна, познавачите на економските случувања честопати истакнуваат дека во моменти на криза, претприемачкиот дух треба да го следи главното економско правило, а тоа е да се инвестира во бизнисите. Но, инвестирањето има и свои ризици, поради кои можеби не е препорачливо поединец кој нема знаење и претходно искуство самостојно да се впушти во инвестицискиот процес.

Затоа е потребно да се направи добар план за тоа како ќе го инвестирате својот капитал за да можете да ги видите бенефитите од истите. Првенствено како почетен инвеститор треба да се осврнете на почетниот износ, ликвидноста на сретствата и стручноста за следење на берзата и остварување на акционерските права.

Доколку не вложувате во својата компанија, растот на истата ќе стагнира. Затоа инвестирајте и продолжете ја успешната приказна со константен раст на својот бизнис!

Промовирани огласи »

ГРАНТ ТОРНТОН во Северна Македонија е водечки снабдувач на ревизорски, даночни, аутсорсинг и советодавни услуги. Основана во 1999 година, со 2 канцеларии во Скопје и 60 луѓе, тие применуваат силни технички насоки и широчина на експертиза за да се осигураат дека клиентите ќе добијат навистина поинакво искуство. Грант Торнтон се една од најомилените професионални фирми за услуги во регионот, посветени на опслужување на значителна и разновидна база на клиенти, која вклучува корпорации, финансиски институции, влади и поединци со висока нето вредност, откривајќи го нивниот потенцијал за раст преку обезбедување значајни дејствија преку широк опсег на сеопфатни професионални услуги.

Во моментов вработуваат:

РЕВИЗОР - СЕНИОР
РЕВИЗОР - АСИСТЕНТ

За да ги видите и аплицирате на огласите кликнете ТУКА

Промовирани огласи »

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, дизелот повторно драстично поскапува.

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.

Промовирани огласи »

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1000 евра, изјави премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите.

Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија, изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека ова прашање веќе е разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел.

Премиерот посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.

Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија, додаде премиерот Ковачевски. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »