Грант Торнтон

ЕМБС: 5753368
Индустрија: Вработување
Адреса: Св.Кирил и Методиј бр.52б-1/20
Град: Скопје
Телефон: 02/3214-700
Facebook: grantthorntonmk
Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место. Низ целиот свет им носиме поинакво искуство на нашите клиенти и на нашите луѓе. Проактивни и агилни обезбедуваме експертиза што им е потребна на клиентите на начин што оди подалеку од нивните очекувањата.

Повеќе од 100 години, корпоративната културата во рамките на Грант Торнтон е една од најзначајните вредности која не води кон вистинската насока. Еднаквоста ни помага да ги исполниме барањата на променливиот свет. Ние го цениме фактот дека нашите луѓе потекнуваат од сите сфери на животот и дека оваа разновидност на искуство и перспектива ја прави нашата организација посилна. Нашите тимови придонесуваат со различни перспективи кон задачите што ги вршат за нашите клиенти и се спремни да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат секојдневно. Се однесуваме праведно кон секого и никогаш не правиме разлика врз основа на етничката припадност, раса, религија или верувања, пол, сексуална ориентација, брачен статус, возраст или физичка попреченост.

Барате исполнета кариера што може да има пошироко влијание врз општеството? Во Грант Торнтон, токму тоа го нудиме.

Кариера во која можете да ги спроведете вашите идеи. Вашите мислења да се слушнат. Вашите придонеси се ценети. Не само од вашите колеги, туку и од нашите клиенти. Затоа донесете ја вашата страст, амбиции и инспирацијаво Грант Торнтон и заедно да го оствариме тоа.

Што можеме да ви понудиме:

-Пријателска и динамична работна средина
- Конкурентна програма за бонуси и плати
- Платени обуки и професионални квалификации
- Обука и советување од високи професионалци
- Модерни канцеларии, пијалоци, овошје и храна
- Награди за лојалност на вработените
- Разновидна и инклузивна култура
- Дополнителни слободни денови
- Флексибилен начин на работа
- Иницијативи за корпоративнa одговорност
- Афтерворк и социјални настани
- Поддршка и помош на вработените



Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »