Промовирани огласи »

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски.

Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември.

Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Промовирани огласи »

Се зголемува цената на месечниот билет на релација Скопје-Куманов и обратно, јавува ТВ21. Месечна карта за оваа врска чини 5.000 денари. Цената ја потврдуваат и од транспортната компанија Rule Tours.

Претходно поскапе и дневниот билет на оваа релација. Инаку, за време на зимските месеци месечниот билет се движеше околу 3 700 денари.

Студентите дури и започнаа петиција за замрзнување на цената на меѓуградските билети.

Промовирани огласи »

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, за брзо време скокнаа во бурните преведувачки води и пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес се сосредоточени на тоа да ги приближат врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Моментално имаат отворени работни позиции за:

УРЕДНИК ВО ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

 

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи секојдневно растат, а граѓаните како да се навикнаа на овој тренд.

Сепак, има разлика во цените на еден производ од еден до друг маркет.

Ценометар ја објави најновата анализа на цените на храната во маркетите во Скопје.

Килограм банани се движат од 69 – 77 денари, лимонот од 75-99 денари, доматите од 65-112 денари.

Краставици нема поевтини од 70 денари. Литар масло за јадење ќе ве чини од 135 – 155 денари. Литар млеко од 50- 70 денари. Кашкавал може да најдете по цена над 450 денари за килограм. Меленото месо е од 250 нагоре. 

Сите цени низ поголемите скопски маркети може да ги најдете на следниов линк. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »