Промовирани огласи »

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат рече дека цената на струјата до Нова Година нема да се менува. Како што додаде тој, за да остане цената во сегашните граници, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сам, со одлука на Влада утврдува цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Се га засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Во моментов вработуваат:

IMPLEMENTATION MANAGER
PRODUCT MARKETING SPECIALIST - BUSINESS MARKETING
SAP FINANCE CONSULTANT

Огласите за аплицирање видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

Мерсиха Смаиловиќ низ сопственото патешествие прикажува приказна за тоа како ја обликувала нејзината кариера, достигнувања и духовност. Мерсиха Смаиловиќ е активист за човекови права, адвокат и претседател на ЛЕГИС. Мерсиха е активна на полето на застапување за правата на бегалците и мигрантите, дискриминацијата на муслиманите и исламофобијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн. Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално ниво. Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот универзитет, а моментално магистрира на Меѓународното право на истиот универзитет. Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки. Таа е косопственик на компанијата за финансии и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ, од 2006 година.

Промовирани огласи »

Кинески научници развија маска што предупредува на изложеност на коронавирус или грип, се наведува во студијата водена од шестмина научници од универзитетот Тонги во Шангај, објавена во научното списание Матер.

Сензорот вграден во маската може да ги детектира вирусите Ковид-19, Х5Н1 и Х1Н1 во рок од десет минути и да испрати известување до уредот, кој е надвор од маската и има литиумска батерија. Симулирано е веројатно сценарио каде некој зборува или кашла тогаш сензорите реагираа и испраќаат предупредувања до безжични уреди како што се телефоните.

Претходните истражувања покажаа дека маските го намалуваат ширењето на вирусот. Затоа сакавме да направиме маска што корисниците ги предупредува на присуство на вирус во воздухот, изјави Јин Фанг од Универзитетот Тонги и еден од авторите на студијата.

Како што тврдат истражувачите, најдобро е уредот да се користи во затворени простории, каде висок е ризикот од зараза. Се работи на тоа да се намали времето за детекција и на чувствителноста на уредот што по потреба, може да се конфигурира за различни вируси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »