Промовирани огласи »

Над 46 отсто од граѓаните на Македонија, мажи пушат покажуваат податоците од Тутунскиот атлас, кој ги споредува податоците за пушачките навики во различни земји. Со оваа бројка Македониај е над просекот на земјите со среден БДП. Во исто време 26, 8 отсто од жените се пушачи што исто така ја става Македонија над просекот. 

Македонските граѓани пушат по над 2.700 цигари годишно. 

Граѓаните на Македонија се на трето место во светот според бројот на испушени цигари по жител годишно, а бројот на пушачи постојано се зголемува

Повеќе цигари пушат само жителите на Белорусија и Либан.

Инаку, како што вчера јави Фактор, група на пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето во скратена постапка. Причините според нив се во влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени. 

Една од клучните измени која се предвидува со новите законски измени е да се даде можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари.

Најавата за нов закон ја потврдија од СДСМ и велат дека се работи на модалитети. Сметаат дека законот ќе треба да помине низ јавна дебата за да се најде најдоброто решение.

Промовирани огласи »

Вкупно 220 невработени на возраст до 29 години ќе поминат обуки за Јава програмери и софтвер тестери. Овие професии се барани на домашниот и странскиот пазар поради што квалификациите и сертификатот со кои ќе се стекнат младите треба да им помогнат да се вработат.

Европската унија преку ИПА инструментот обезбеди 18, 3 милиони денари, како директен грант на Агенцијата за вработување.

Многу е важно младите да се вклучат во овие обуки бидејќи овие програмски пакети што се нудат со проектот ќе дадат можности тие да инвестираат во себе, но исто така овие програмски пакети кои се нудат на пазарот на трудот во вид на обука се побарувани на пазарот на трудот и со таа понуда ќе можат многу полесно да бидат вработени- изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција.

Промовирани огласи »

Со цел да се олесни движењето на граѓаните, Владата вчера го усвои Извештајот за извршени преговори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Со прифатениот усогласен текст на Договорот меѓу државите реципрочно се признаа возачките дозволи.

Според Владата ова олеснување ќе придонесе и за значително безбедноста на патниот сообраќај.

Македонија односно МВР, има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија).

За Германија ќе почекаме

Сепак македонските граѓани во Германија ќе почекаат да се усогласи билатералниот договор меѓу двете земји кој ќе им овозможи признавање на нивните матични возачки дозволи.

На вчерашната владина седница е кажано дека за воведување на реципрочно признавање на возачки дозволи во Германија во престојниот период ќе се земе предвид.

МВР пак неодамна соопшти дека е доставе­но барање за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно со Виенската конвенција до уште 29 држави, со кои се водат постапки за меѓусебно регули­рање на оваа обврска.

Промовирани огласи »

Група на пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето во скратена постапка поради влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени. Една од клучните измени која се предвидува со новите законски измени е да се даде можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари.

„Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот“ стои во предлогот за измена на членот 3.

Исто така измени ќе претрпат и одредбите кои го регулираат пушењето надвор од објектите.

Во членот 3 ставот 1 се менува и гласи:

„Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или 11 најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично).“

Пратениците исто така планираат и промена за правните лица.

„Во јавните простории од член 2 на овој закон, одговорното лице на правното лице ќе определи просторија во која може да се пуши, доколку има можности, а во сите други простории ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето. Определувањето на јавни простории и истакнувањето на знакот за забрана на пушењето од став 1 на овој член ќе се изврши во рок од 60 дена од влегувањето во сила на овој закон“ стои во предлог измените на Законот за заштита од пушењето.

Решенијата содржани во предложените одредби се меѓусебно поврзани, и со истите се дава можност за заштита на правото на слободен избор и правото да се ужива во своите граѓански права, сметаат предлагачите на законот.

Уште во текот на изборната кампања се говореше дека СДСМ планира законски измени за полиберален пристап во регулацијата на пушењето на цигари на јавни места со цел да им се излезе во пресрет на угостителите, но истовремено да се обезбеди и доволен простор за непушачите. 

Во предлог измените нема конкретни ставки на пример за наложување на угостителите да обезбедат соодветни внатрешни услови за вентилација или нејзино засилување според актуелните законски одредби.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »