Промовирани огласи »

Канада од 1 октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата.

Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати.

Сите патници, без разлика на нивната националност, од сабота веќе нема да бидат обврзани да даваат информации за нивната здравствена состојба преку апликацијата ArriveCAN, ниту пак да покажат потврда за вакцинација.

Условот за носење маски во авиони и возови повеќе не е потребен.

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Од 27.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм).

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Од 27.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Балкан енерџи груп БЕГ-производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.

Ова денес го изјавија од компанијата БЕГ во соопштение до медиумите по информациите дека треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата.

Од компанијата наведуваат дека согласно Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи претходно изјави дека сѐ додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија.

Промовирани огласи »

ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот. Резултатот го докажуваме со користење на најновата технологија и со постојано прилагодување на потребите на пазарот.

Приватна агенциjа за вработувања МОТИВИ е основана во ноември 2008 година и поседува лиценца „А„ (највисок ранг на лиценца) за вршење на привремени вработувања и лиценца за посредување при вработување во земјава и странство, издадени од Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе од една деценија, Мотиви успешно им служи на некои од најголемите компании на нашиот пазар, опфаќајќи ги фармацевтските гиганти, лидерите во телекомуникации, дистрибутерите на електрична енергија, тутунската индустрија, дистрибутерите на храна и пијалоци, развивачите на софтвер и други даватели на јавни услуги.

Во моментов имаат потреба од:

OPERATIONS DIRECTOR
BRANCH MANAGER
BUSINESS MANAGER
ГОТВАЧ И ДОМАЌИН

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »