Промовирани огласи »

Живееме во време кога технологијата ни го диктира темпото на живеење и со нејзина помош работите кои ги сакаме се поблиску од кога и да е. Тоа не доведе во ситуација дури и на работното место да поминуваме повеќе време на нашите мобилни отколку да ги извршуваме дадените работни задачи. 

Неколку совети како да ја победите мрзеливоста кога имате премногу работни обврски:

  • Преземете одговорност;
  • Бидете јасни за приоритетите на работните задачи;
  • Мотивирајте се со добра мелодија;
  • Не очекувајте од себе да бидете совршени.

Различни луѓе работат на различни начини. Кога ви се чини дека сте мрзливи, можеби работите на поапстрактен начин. Обидете се да си дадете задачи што ќе ве натераат да размислувате. Ова ќе ви овозможи да вложите повеќе размислување во работата. На крај може да биде многу кога ќе си ги поставите приоритетите отколку само автоматски да ги извршувате работните задачи.

Промовирани огласи »

За прв пат од 2015 година, основачот на Фејсбук Марк Цукерберг не е еден од 10-те најбогати луѓе во Америка.

 Цукерберг изгуби повеќе од половина од своето богатство - неверојатни 76,8 милијарди долари - од септември 2021 година, што го симна од третото место на листата на #Forbes400 во САД! 

За Цукерберг ова е најниското место на кое што се наоѓаше на листата за најбогати луѓе во светот од 2014 година, а повеќе не е ниту во топ 10 на листата на #Forbes400.

Најбогатите 11 луѓе во светот се во вредност од 57,7 милијарди долари на овогодинешната листа, на која се користени цените на акциите од 2 септември, Цук ги следи наследникот на Волмарт Џим Волтон, поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, како што се поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер и основачите на Google Сергеј Брин и Лери Пејџ.  Никој во Америка не изгубил толку пари во текот на изминатата година како Цукерберг.

Со ребрендирањето на Фејсбук во Мета акциите паднале за 57% од минатата година со што довело до излегување од топ 10 најбогати луѓе во светот.

Промовирани огласи »

По вчера објавениот податок податок дека околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата и дека миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ свој интересен став сподели еден граѓанин. 

Околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, покажа најновото истражување. 

Зошто е тоа така? Ова е ставот на еден граѓанин! Оценете дали е реален или премногу песимистички?

- 700.000 се иселиле од Македонија.Се помалку здрав разум гледам и критична мисла и маса.

Не е доволно за партиите дека се иселиле 700.000. Нема никаков пејпр или нон пејпр за реформи во државата да се ублажи тоа. Едноставно, а извинете, чим нема многу се кради.

Гледајте медиумите, новинарите и дали сте виделе глас на независни.Едноставно НЕМА.

Молкот и темнината си ја јадат оваа држава. Нема повеќе ни кој да размислува за некакв излезна стратегија. Купи ден помини, намести тендер, прими кофер.

Ова сето ќе си го платиме со сите нишани.

Не постои никаква и внатрешна дебата по партиите (освен ДУИ) да не се лажиме.

Ситуацијата ќе донесе резултат со уште 400.000 иселени за следните 10 години.

Можете –

1.Да ја прогласите Македонија за Умрено

2.Пасошите и Џелем Џенем .....

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница одобри 18 милиони евра како средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.


Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија“, објави Владата.


Владата дополнува дека со оваа мерка се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »