Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница  ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година со која ќе овозможи околу 186 000 ученици во 350 училишта за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка.

Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, информира министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Откупот ќе чини 20 милиони денари, а според Николовски тоа ќе ја поттикне и потрошувачката на свежо овошје. 

Станува збор за нова програма со која овозможуваме финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на јаболко од реколта 2022 година, а целата откупена количина на јаболка ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државни основни училишта во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 декември 2022 година, додаде Николовски.

Промовирани огласи »

Живееме во време кога технологијата ни го диктира темпото на живеење и со нејзина помош работите кои ги сакаме се поблиску од кога и да е. Тоа не доведе во ситуација дури и на работното место да поминуваме повеќе време на нашите мобилни отколку да ги извршуваме дадените работни задачи. 

Неколку совети како да ја победите мрзеливоста кога имате премногу работни обврски:

  • Преземете одговорност;
  • Бидете јасни за приоритетите на работните задачи;
  • Мотивирајте се со добра мелодија;
  • Не очекувајте од себе да бидете совршени.

Различни луѓе работат на различни начини. Кога ви се чини дека сте мрзливи, можеби работите на поапстрактен начин. Обидете се да си дадете задачи што ќе ве натераат да размислувате. Ова ќе ви овозможи да вложите повеќе размислување во работата. На крај може да биде многу кога ќе си ги поставите приоритетите отколку само автоматски да ги извршувате работните задачи.

Промовирани огласи »

За прв пат од 2015 година, основачот на Фејсбук Марк Цукерберг не е еден од 10-те најбогати луѓе во Америка.

 Цукерберг изгуби повеќе од половина од своето богатство - неверојатни 76,8 милијарди долари - од септември 2021 година, што го симна од третото место на листата на #Forbes400 во САД! 

За Цукерберг ова е најниското место на кое што се наоѓаше на листата за најбогати луѓе во светот од 2014 година, а повеќе не е ниту во топ 10 на листата на #Forbes400.

Најбогатите 11 луѓе во светот се во вредност од 57,7 милијарди долари на овогодинешната листа, на која се користени цените на акциите од 2 септември, Цук ги следи наследникот на Волмарт Џим Волтон, поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, како што се поранешниот извршен директор на Мајкрософт, Стив Балмер и основачите на Google Сергеј Брин и Лери Пејџ.  Никој во Америка не изгубил толку пари во текот на изминатата година како Цукерберг.

Со ребрендирањето на Фејсбук во Мета акциите паднале за 57% од минатата година со што довело до излегување од топ 10 најбогати луѓе во светот.

Промовирани огласи »

По вчера објавениот податок податок дека околу 700.000 Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата и дека миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ свој интересен став сподели еден граѓанин. 

Околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, покажа најновото истражување. 

Зошто е тоа така? Ова е ставот на еден граѓанин! Оценете дали е реален или премногу песимистички?

- 700.000 се иселиле од Македонија.Се помалку здрав разум гледам и критична мисла и маса.

Не е доволно за партиите дека се иселиле 700.000. Нема никаков пејпр или нон пејпр за реформи во државата да се ублажи тоа. Едноставно, а извинете, чим нема многу се кради.

Гледајте медиумите, новинарите и дали сте виделе глас на независни.Едноставно НЕМА.

Молкот и темнината си ја јадат оваа држава. Нема повеќе ни кој да размислува за некакв излезна стратегија. Купи ден помини, намести тендер, прими кофер.

Ова сето ќе си го платиме со сите нишани.

Не постои никаква и внатрешна дебата по партиите (освен ДУИ) да не се лажиме.

Ситуацијата ќе донесе резултат со уште 400.000 иселени за следните 10 години.

Можете –

1.Да ја прогласите Македонија за Умрено

2.Пасошите и Џелем Џенем .....

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »